Home » , » Кевин Лав: “Го мислев тоа што го реков, но...“

Кевин Лав: “Го мислев тоа што го реков, но...“

Written By Anonymous on 13.12.12 | 16:05


Крилниот центар на Минесота Кевин Лав (24) беше бесен и со остри зборови ги критикуваше челниците на својот клуб. Преку ноќ излезе оваа изјава во кошаркарската јавност каде овој човек рече дека не го сметаат за Ол Стар играч, но денес, Кевин своите ставови не ги промени.

Имено, Лав ја објасни секоја критика која му ја рекол тимот како лидер, но доддаде дека во таа прилика бил огорчен од тимот и од челниците на Минесота. Тој додаде дека поради тоа го сменил однесувањето кон тимот и следниот пат кога ќе се случи нешто такво нема да ги крати зборовите и нема да го задржува своето мислење за себе.

По што Лав вчера ја критикуваше франшизата на Минесота, и сите веб-портали беа преплавени со неговите изјави на сите можни јазици во светот, Кевин Лав заврши во канцеларија со ГМ Дејвид Кан каде разговараше со него, со тренерот Рик Аделман на сметката на сопственикот Глен Тејлор. Секако, на челниците на Минесота не им се допадна ова.

“Искрено, го мислев сето тоа што го реков. Тоа му го објаснив и на Дејвид и тренерот Аделман. Нема поради што да се извинувам. Единствена работа поради која ми е жал е тоа што се реков јавно, и такви испади нема да правам повеќе“, 

вели Лав и додава :

“Многу спортисти во последно време велат вистински работи, но не се искрени. Јас сакав да бидам даков. Нема сега да одам околу и да се извинувам поради тоа. Го реков тоа што го чувствував. Секако, не сакав да ја пореметам хемијата во тимот, да го вознемирам тренерот, да ја навредам организацијата, а пред се не навивачите. Покрај сето тоа, имам речено многу убави работи за нив, но тие никогаш не се објавени.“,

објаснува Кевин Лав кој минатата сезона беше најгласен кога требаа да се носат играчи. Меѓутоа, тој вчера ја критикуваше управата на Минесота и често го менува составот и праша дали во организацијата има некаков план или систем.

“Нема сега да се повлекува и да кажам ништо за мојата изјава. Навистина верувам дека овој тим е многу близок. Што се однесува до тренерите, тие се одлични луѓе и имаме шанса да направиме нешто многу специјално оваа сезона и следните години. Сигурно е дека сум среќен со овој ростер. Дојдов многу мотивиран по ова лето и така се чувствувам и сега. Што се однесува до играчкиот и тренерскиот дел од клубот, мислам дека сме најдобри до сега.“,

вели Лав кој е прашан дали се гледа во тимот повеќе време, што одговара потврдно.

“Секако дека се гледам во оваа организација, сакам да останам овде пет години. Всушност, би сакал да ја завршам кариерата во Минесота“,

вели Кевин Лав. Можеби најинтересен нов детал кој Кевин Лав го изјави е тоа дека неговата улога во клубот по секоја цена сака да му ја понуди на шпанскиот плејмејкер Рики Рубио. Исто така сака и него да му се понуди 5 годишен договор. Тој ова го нарече како “стратешко планирање“ и “креирање франшиза во вистинска насока“.

“Никогаш не сум имал проблем со платите на останатите играчи. Во тоа не се мешам. Но, сакам клубот да му ја осигура иднината на Рики во тимот. Навистина, клубот забележа неверојатен прогрес откако е овде. Тој е играч кој не е себичен, игра за тимот, прво што има на ум кога ќе ја добие топката е да додаде. Тоа е врста на играч кој ретко се гледа, всушност, никогаш и не сум играл со некој таков. Нема да зборувам за односите во соблекувалната, но тој дефинитивно е еден од моите омилени играчи, еден од луѓето со кој сум најблизок. И тоа го зборувам откако ја освежи нашата игра и го промени планот на играта.“,

смета крилниот центар на Минесота кој изрази надеж дека новиот договор за Рубио ќе стигне во најскоро време.


0 comments:

Post a Comment