
Да е помлад само две до три години луѓето би рекле да игра како “старец“, меѓутоа стариот лисец во четата на Грег Попович ова сезона од натпревар на натпревар е се подобар и има просек од 17,9 поени и 9,9 скока и овие бројки сигурно би го одвеле на Ол-стар натпреварот, но Данкан не сака да учествува во тој егзибиционен натпревар
13 кратниот учесник на Ол-Старот го пропушти натпреварот минатата година и вели дека воопшто не му е зал што не играл. Поточно, на постарите кошаркари им годеше да одморат по напорниот дел од сезоната. И додека младите колеги се забавуваа во Орландо, крилниот центар на Спарси целото шоу го пратеше како навивач. Тоа само му ги наполни батериите за вториот дел од сезоната.
Поучен со тоа искуство, Данкан го сака истото сценарио и оваа година.
“Уживав во одморот кој настана пред Ол-Старот.минатата година во тоа време поминував незаборавни моменти со моето семејство,и право да ви кажам планирам тоа да го работам и оваа година. Навистина немам намера да играм на тој натпревар,дури и навивачите да ме изберат во првата петорка. Сакам да играм добро кога тоа е потребно,сакам да останам во форма за вистинските натпревари“,
изјави Тими. Дека оваа што го изјави Данкан е вистина го потврдидија и зборовите на неговиот тренер Грег Попович.
“Данкан е премногу искусен за да се натпреварува на Ол-Старот. Човекот има свои проритети и не го интересира учеството во тој натпревар. Тоа е и разбирливо на негови години, а мене како тренер ми е мило што ја чува силата за онаа што на нас ни е многу позначајно од тој натпревар“ - изјави Грег.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment