Home » , » Бајнам се “опоравува“ во стриптиз клуб

Бајнам се “опоравува“ во стриптиз клуб

Written By Anonymous on 14.12.12 | 16:06


Медиумите во Филаделфија на големо пишуваат за пропаднатата инвестиција на Сиксерс наречена Ендру Бајнам. Центарот на кој двете колена му се под знак прашалник и центарот кој не одигра ниту минута за Сиксерс, сеуште не се знае кога ќе се врати. Сепак, 25-годишниот центар не се нервира поради тие работи, и продолжува со својот лесен живот во “Фили“.

После куглањето, луна парковите, на ред дојде и стриптиз клубот.

Бајнам минатата недела е виден во “Penthouse Gentlemen's“ клубот, кој важи за едно од најелитните места за забава за возрасните. Бајнам уживаше, уживаа и танчерките на кој им беше забавно во друштво со кошаркар, а извесна Рејчел стигна на својот Твитер профил да објави слика со него.

Ова сигурно нема да му се допадне на челниците на Филаделфија кој веќе се на работ на срам поради доведувањето на кошаркаркот кој е повреден и кој ќе “лапне“ 16 милиони долари.

0 comments:

Post a Comment