Home » , » Двајт Хауард до Коби Брајант: “Ќе играш ли ти одбрана, дали си луд?“

Двајт Хауард до Коби Брајант: “Ќе играш ли ти одбрана, дали си луд?“

Written By Anonymous on 11.12.12 | 19:56


Ноќната мора на Лејкерси на почетокот на својата сезона зазема поголем залак. Очајниот старт и скор од 9-12, промената на тренерот, повредата на Стив Неш, приказните за трејд на Гасол, агонијата на Двајт со слободните фрлања... Сето тоа е фактор за лошата атмосфера во соблекувалната на тимот.

Последен пример за тоа беше изјавата на ценатарот на “Езерџиите“ наменета за Коби Брајант. Имено, Двајт не е задоволен од одбраната која ја игра “Црната Мамба“ оваа сезона. Дали поради фрустрацијата поради тоа што сите имаат да кажат за начинот на изведување на слободни фрлања, или просто поради тоталното “пукање на нервите“, Двајт Хауард на сред мечот помеѓу Хјустон и Лејкерс кој е одигран на 4. декември тотално изгуби такт.

“Човеку, дали полуде ? Ќе се вклучиш ли во играта, ќе го пратил ли човекот кој го чуваш ? Ако гледаш останувам сам, ќе дадеш ли малку помош?“ - се праша популарниот “Супермен“.

Сцената да некој кошаркар на Лејкерс го повиши тонот на Брајант е еднаква на права кошаркарска преседана. На такво нешто никој во Лејкерси не се навикна, но ниту Хауард нема намера за играње “сам“ во одбраната, дури ни кога се работи за Коби Брајант.

“Не ми е проблем да кажам било што на кого било. И така треба да биде. Треба да бидеме слободни додека зборуваме еден со друг. Ние сме тим. Ние сме фамилија. Така ќе се развиеме и ќе растеме како тим. Само така ќе се поправиме.“ - смета Хауард.

Меѓутоа не е мал бројот на оние кој сметаат дека треба да биде променет повишениот тон на Хауард. Сепак треба да се развие хемијата во тимот и победите ќе дојдат.



0 comments:

Post a Comment