Home » , » Играчи на неделата : Џош Смит и Блејк Грифин

Играчи на неделата : Џош Смит и Блејк Грифин

Written By Anonymous on 11.12.12 | 16:02


Џош Смит (Атланта Хокс) и Блејк Грифин (Л.А Клиперс) се избрани за најдобри играчи на минатата недела во НБА лигата.

За овие награди исто така беа номинирани и Ал Хорфорд, Ражон Рондо, Џоаким Ноа, Стеф Кари, Дејвид Ли, Зек Рендолф, Тајсон Чендлер, Рејмонд Фелтон, Кевин Дурант, Расел Вестбрук, Глен Дејвис, ДеМаркус Казнс и Тони Паркер.

Џош Смит (Атланта Хокс)

Крилниот играч Џош Смит беше еден од најзаслужните за неделата без пораз на Хокси. Играше добро и го водеше својот тим до серија од 3-0, а во просек имаше 21.0 поени, 12.0 скока и 2.0 украдени топки. Се истакна и во натпреварот со Визардс кога постави рекорд на скокови сезонава (15) и против Мемфис со 3 украдени топки за кој постави лични рекорди оваа сезона.

Атланта Хокс 108-104 Денвер Нагетс
(16 поени, 13 скока)

Атланта Хокс 104-95 Вашингтон Визардс
(23 поени, 8 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки)

Мемфис Гризлис 83-93 Атланта Хокс 
(23 поени, 15 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки)

Блејк Грифин (Л.А Клиперс)

Ѕвездата на Клиперси, Блејк Грифин, со дабл-дабл просеци во поени и скока го водеше тимот до 4 победи од исто толку натпревари минатата недела. Грифин имаше 23.0 поени, 10.0 скока и со тие учиноци имаше и преку две украдени топки во просек, со сјајен шут од игра 63%. Посебно се истакна против Санс кога имаше 24 поени, 8 скока и 4 украдени топки.

Јута Џез 104-105 Л.А Клиперс
(30 поени, 11 скока)

Л.А Клиперс 112-90 Далас Маверикс
(19 поени, 13 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки)

Л.А Клиперс 117-99 Феникс Санс
(24 поени, 8 скока и 4 украдени топки)

Л.А Клиперс 102-83 Торонто Репторс 
(19 поени, 9 скока и 3 украдени топки)

0 comments:

Post a Comment