Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Сакам да бидам најдобар на сите времиња“

ЛеБрон Џејмс: “Сакам да бидам најдобар на сите времиња“

Written By Anonymous on 26.12.12 | 20:39


Претседателот на Мајами Хит и актуелниот тренер на овој клуб се уверени дека “Кралот“ Џејмс е најдобар играч на денешницата, а и дека самиот играч сака да стане нешто повеќе од тоа...

Пет Рајли е уверен дека ЛеБрон Џејмс е најдобар играч во НБА лигата, моментално. Тој исто така има и своја теорија зошто ЛеБрон стигна до титулата на својата 27ма година. Рајли смета дека за време на сите изминати години ЛеБрон собирал искуство и дека до тогаш го барал победничкиот рецепт за титулата.

Актуелниот претседател на Мајами Хит е полн со пофални зборови за својот крилен играч и еден од најголемите ѕвезди во НБА лигата.

“Кога сакам нешто да објаснам, секогаш се освртувам кон аналогијата на кинеското дрво Бамбус. Имено, кога го садите ова дрво во земја, 10 години ништо не се случува. А тогаш, во една година тоа расте дури 30 метри.Во текот на последните 10 години ЛеБрон го пушти својот корен во НБА лигата. Коренот растеше се подлабоко и подлабоко. На крајот, тој нема каде да се шири, освен нагоре“,

филозовски објасни Пет Рајли, за оваа 2012та година на ЛеБрон Џејмс. А токму оваа година не можеше да се спореди со никоја од предходните: стигна до својата прва НБА титула, избран е за МВП на сезоната, но и на финалето од НБА лигата, го зеде Олимпиското Злато со САД на ОИ. Рајли смета дека доколку ЛеБрон остане здрав, може да освои уште некоја титула.

Моментално, Џејмс игра на врхунско ниво, бележи по 25.4 поени, 8.5 скока и 6.8 аистенции по натпревар и е главна причина за скорот на Мајами од 19-6. Сепак, за Џејмс тоа не е доволно. Тој сака да стане најдобар на сите времиња.

“Кога ќе ги погледнеме најголемите светски компании, тие сите имаат нешто заедничко. Не престануваат да бидат водечки. Мекдоналдс е секогаш на врвот, како и Најк. Тие секогаш се мотивирани и се трудат да бидат иновативни, да наоѓаат нови работи. Не застануваат. Би можат, имаат се доволно. Но, не сакаат. И јас имам сличен животен пристап. Гледам кошарка со ист мотив како и тие за бизнисот. Сакам да бидам се подобар и подобар. Сакам да се доведам себе си во ситуација да го излекувам максимумот од секоја ситница на паркетот“,

вели ЛеБрон Џејмс. Дека ЛеБрон е сериозен во својата намера да стане НБА легенда и најдобар на сите времиња, потврдува и изјавата на неговиот тренер Ерик Сполстра:

“Тој со своите 27 години има направено многу работи. Но е гладен за нови успеси. Мислам дека таа желба е тоа што ги разликува играчите и ги дели. Тој во сезоната влезе со историски успех, дојде како МВП, со ОИ злато околу вратот. Но, тој не се задоволува со ова. Сака да биде подобар и подобар. Сака да го повтори истото. А тоа е натпреварувачки, и тоа е она што го имаат легендите, тие се вистински шампиони“,

објаснува Сполстра.

0 comments:

Post a Comment