Home » , » ДиАнтони:“ Кармело игра МВП сезона“

ДиАнтони:“ Кармело игра МВП сезона“

Written By Anonymous on 26.12.12 | 20:48


Мајк ДиАнтони помина скоро две сезони на клупата на Никси каде го тренираше Кармело Ентони и е многу добар запознаен со неговите играчки квалитети. Сега како тренер на Л.А Лејкерси пред натпреварот со својот екс тим Никси, даде интересна изјава за досегашниот дел од сезоната и  за својот бивш играч.

На прашањето дали Мело би требало да биде МВП на сезоната, ДиАнтони рече:

“Да. Мислам дека би морал. Њу Јорк е една од најдобрите екипи, а тој е причината за тоа. Едноставно тој е еден од најдобирте. ЛеБрон е секогаш на врвот, Дурант исто така, и тој е меѓу најдобрите 3 или 4.“

На прашањето дали Коби Брајант е во тие најдобри 4ца, Италијанецот вели дека Лејкерси ќе мораат да заиграат уште подобро за тој да влезе во таа “МВП Трка“, иако моментално е еден од најдобрите стрелци на лигата.

“Не може во МВП Трката да влезе играч чиј тим е под 50% победи. Тоа едноставно не е во ред. Доколку низ сезоната направиме добар скор тогаш Коби сигурно дека ќе биде во тоа друштво на најдобри индивидуалци.“

0 comments:

Post a Comment