
Натпреварувањето во атрактивното забивање обично не е место каде што се појавуваат афирмирани играчи, меѓутоа Расел има желба тоа да го промени. Овој човек изјави дека сака да триумфира во најактрактивниот дел од “Ол Стар“ натпреварот. Вестбрук не прецизираше дали ќе настапува оваа година во Хјустон.
“Имам голема желба на учествувам во натпреварот на абивања. Свесен сум дека морам да се пријавам пред време. Можеби тоа ќе го сторам уште сега, морам да размислам“,
вели кошаркаркот на вице-шампионите. Вестбрук порано велеше дека повеќе сака да забива од игра отколку на некое ретко натпреварување. Иако размислува да се пријави на популарното натпреварување Расел смета дека нема голем одраз.
“Во НБА лигата има многу момци кој скокаат повеќе од мене. Мислам дека имам некоја батерија која ми дава сила да скокам само на натпреварите. Можеби на тоа натпреварување би можел да ги разочарам навивачите.“,
додаде Расел Вестбрук. Сепак играчот на “Громовите“ вели дека има одредени трикови во ракавот:
“Малку и вежбав забивања.. Меѓутоа не е тоа нешто специјално, се тоа е преку мене. На натпревари во последно време сите прават некои лудости, прескокнуваат автомобили, забиваат три топки.. Не сум сигурен дека го можам тоа“,
заврши Расел.
0 comments:
Post a Comment