Home » , » ЛеБрон Џејмс го брка рекордот на Карл Малоун

ЛеБрон Џејмс го брка рекордот на Карл Малоун

Written By Anonymous on 22.12.12 | 13:56


lebron-james
Најдобриот кошаркар на денешницава, ЛеБрон Џејмс е на прагот на рушење на уште еден рекорд, по што во четвртокот против Далас на гости даде 24 поени во победата на Мајами од 110-95.

Џејмс и 23тиот натпревар оваа сезона (од 23 одиграни) дава најмалку 20 поени, што стигна на еден натпревар од рушење на рекордот на легендата на Јута Џез Карл Малоун кој сезоната 1989/90 ја отвори со серија од 24 натпревари со 20 поени или повеќе.

“Се чувствувам многу добро на натпреварите и задоволен сум од тоа што правам на нив. Факт е дека денес сме подобар тим од тоа што бевме пред две сезони. Денес можам да ги затворам очите, и да знам кој каде се наоѓа на паркетот, и во нападот и во одбраната.“,

вели Џејмс.

Можноста за изедначување на рекордот Џејмс ке ја има утре против Јута Џез, а доколку тоа го оствари Џејмс на Божиќ против Оклахома Сити Тандер ќе има шанса и да го преземе рекордот.

0 comments:

Post a Comment