
Лејкерси, конечно малку се подобрија и сврзаа во низа неколку победи. Моментално имаат учинок од 12 победи и 14 порази, а тренерот на клубот Мајк ДиАнтони е решен да му помогне на Гасол.
“Сите ние во Лејкерс пробуваме да дојдеме до истата цел. Ни недостасува квалитетна комуникација. Се надевам дека ќе го најдеме тоа што ќе не задоволи сите нас.“ - изјави Пау Гасол, крилниот центар на Лејкерси.
За да изградат односи, Мајк ДиАнтони го повикал Гасол на вечера и му ветил дека ќе добива повеќе простор во наредните наптревари.
“Многу помислија дека Лејкерси го губат Гасол и затоа го повикав на вечера. Сакав да го уверам во моите планови. Сакав да знае што мислам за тимот и ако тој треба да изгледа. Зборувавме само на таа тема. Се чувствував одлично по нашиот дијалог, Гасол ми даде и неколку корисни совети. За сега уште сме на просечно запознавање, но мораме сите во тимот да се чувствуваме пријатно за да би имале добри резултати“ - изјави тренерот на Лејкерс
Се повеќе е очигледно дека Гасол ја изгуби својата продуктивност. Минатаѕа сезона постигнуваше по 17.4 поени, 10.4 скокови и процент на шутот од 51 % по наптревар, доколку оваа сезона тој постигнува по 12.4 поени, 8.8 скокови и 41 процент на погодени шутеви. Се надеваме дека во иднина тој ќе се врати на старите статистики и ќе му помогне повеќе на својот тим.
0 comments:
Post a Comment