Home » , » ЛеБрон Џејмс и Кевин Дурант жалат за жртвите од Њутаун

ЛеБрон Џејмс и Кевин Дурант жалат за жртвите од Њутаун

Written By Anonymous on 15.12.12 | 19:41


lebron-james-kevin-durant
Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити Тандер Кевин Дурант им оддаде почест на жртвите во масакарот во основното школо во Конектикат. Во двобојот помеѓу Сакраменто на шорцевите го носеше натписот “Newtown CT“.

Непознат маш во градот Њу Таун прво ја уби својата мајка, а потоа влезе во школото Сенди Хук  и усмрти уште 26 луѓе, од кои 20 деца. Исто така си го одзеде и својот живот, а поради честа на погинатите и жртвите, по пат на друштвена мрежа и на самиот терен почит покажаа и бројни кошаркари.

“Би сакал да помогнам побеќе, ова ме погоди. Тешко беше да се гледа сето тоа, поготово тоа што децата кои биле невини не успеале да се спасат. Без зборови сум во моментов.“ - вели Дурант.

“Ова е ужасен, едноставно ужасен ден. Кога ќе се случи вакво нешто, никоја работа не е важна, ниту било што друго. Посебно ми е тешко како родител, ова е грозно“ - вели Док Риверс по натпреварот со Хјустон.

По ова се јави и ЛеБрон Џејмс кој вели :

“Настрадаа невини. Во мојата глава е тотален хаос. Децата ми се’ се. И моите две деца одат во основно школо. Не можам да замислам да им се случи вакво нешто. Нешто мора да се превземе.“ - порача ѕвездата на Мајами.

0 comments:

Post a Comment