Home » , » Лин со победа си оди од Њу Јорк, Оклахома славеше над Сан Антонио

Лин со победа си оди од Њу Јорк, Оклахома славеше над Сан Антонио

Written By Anonymous on 18.12.12 | 13:23



Во НБА лигата веќе нема непоразени тимови на своите паркети. Вчера падна и последната екипа која беше непоразена на домашен паркет. Паднаа Никси.

Њу Јорк Никси, за кој најдобриот играч Кармело Ентони не играше поради повредата на стапалото, беа поразени дома со 109-96 од Хјустон Рокетс. Иронично, еден од двајцата играчи кој ги предводеа Рокетси до победа беше и Џереми Лин, “довчерашниот“ играч на Никси.

Да потсетиме токму дека, “бајката“ на Лин започна токму во “MSG“ Гарденот каде со сплетни околности беше вметнат во тимот, му се даде шанса, а тој максимално ја искористи. Стана икона на Њу Јорк, а неговиот тренд беше наречен “Линсенити“.

Лин натпреварот го заврши со 22 поени, 4 скока и 8 асистенции, Џејмс Харден додаде 28 поени и 10 скока. Кај шутерските не толку расположени Никси, замената на Ентони, Крис Коупленд оствари учинок на кариерата. “Рукито“ за 28 минути даде 29 поени и имаше 5 скока.

На грбот на Серџ Ибака беше предводен тимот на Тандер кој ја запиша 11тата победа по ред и тоа против Сан Антонио Спарс. Ибака даде 25 поени, запиша 17 скока и 3 блока во победата од 107-93. Кевин Дурант додаде “скромни“ 19 поени, додека Расел Вестбрук додаде 22 поени и 9 асистенции.

Кај Спарси ни еден играч не стигна блиску до бројката 20 поени кога се прашање поени, а по 14 имаа двајцата Французи - Тони Паркер и Нандо Де Коло.

Да споменеме дека до низа од 10 победи стигнаа и Л.А Клиперс, кој победија на гости кај Пистонс со 88-76.

Останати Резултати :

Орландо 102-93 Минесота
Мемфис 80-71 Чикаго
Феникс 101-90 Сакраменто

0 comments:

Post a Comment