Home » , » Играчи на неделата : Дејвид Ли и Пол Џорџ

Играчи на неделата : Дејвид Ли и Пол Џорџ

Written By Anonymous on 18.12.12 | 13:32


Дејвид Ли и Пол Џорџ минатата недела, по избор на НБА стручњаците, беа најдобри играчи во лигата, секој во својата конференција.

Останатите номинирани играчи се: Блејк Грифин, ЛеБрон Џејмс, Никола Пековиќ, Кармело Ентони, Кевин Дурант, ЛаМаркус Олдриџ, Тони Паркер и Жозе Калдерон.

Пол Џорџ (Индијана Пејсерс)
За прв пат оваа сезона, младата ѕвезда на Индијана ја доби оваа титула. Џорџ, Пејсерси ги предводеше до 3 победи од можни три натпревари, а просечно имаше по 23.0 поени, 7.0 скока, 4.0 асистенции и 1.7 украдени топки. Треба да се истакнат и шутерските бројки кои беа сјајни: 49% од поле, 47% од линијата за три. Џорџ оваа сезона е на високото место по бројот на погодени тројки (54).

Индијана Пејсерс 96-81 Кливленд Кавалирс
(27 поени, 7 скока и 4 асистенции)

Индијана Пејсерс 95-85 Филаделфија Севенти Сиксерс
(28 поени, 6 скока, 3 блока и 2 асистенции)

Детроит Пистонс 77-88 Индијана Пејсерс
(15 поени, 8 скока, 8 асистенции и 4 украдени топки)

Дејвид Ли (Голден Стејт Вориорс)
Високото крило изненадува со добрите партии на Голден Стејт. Во сите 4 натпревари минатата сезона даваше повеќе од 20 поени и имаше повеќе од 10 скока. Просечно даваше по 23.0 поени, со 12.5 скока, но му беше уште поимпресивен шутот од поле со 66%. Вориорси на 7 натпревари на гости забележаа дури 6 победи што им е рекорд на клубот, а Дејвид Ли во сите тие имаше бројки од 20-10. Тој подвиг последен го направи Џабар кој во 1972 година даваше во 9 натпревари по ред нагости 20-10.

Шарлот Бобкетс 96-104 Голден Стејт Вориорс
(25 поени, 11 скокови и 4 асистенции)

Мајами Хит 95-97 Голден Стејт Вориорс
(22 поени и 13 скока)

Атланта Хокс 93-115 Голден Стејт Вориорс
(20 поени, 11 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки)

Орландо Меџик 99-85 Голден Стејт Вориорс
(24 поени и 15 скока)

0 comments:

Post a Comment