
Тој најверојатно ќе го направи тоа, само за да може повторно да потпише нов максимален пет годишен договор со “Жешките“ од Флорида. Фактот дека најдобриот играч на денешницата ја има можноста да биде измеѓу неколку тима, ги тера фановите да сонуваат како што сонуваа пред неколку години кога ЛеБрон беше слободен играч.
Па, што велите за “Тој ќе се врати во Кливленд“ ?
Тоа го изнесе Jason Lloyd од "Beacon-Journal" во статијата каде се осврнува на идните планови на Кавалирс.
“Да, верувале или не, тој им дава шанса на Кливленд во трката за Џејмс. Тој има блиска конекција со Кајри Ирвинг и Тристан Томпсон. А неговиот агент, Рич Пол е од Кливленд и е негов близок другар. Пол истотака го застапува и Томпсон. Многу делови се совпаѓаат, но најголемиот фали.
Кавалирси, реално мораат да станат плејоф тим, само за Џејмс да ги земе в предвид. Тој ќе наполни 30 години во текот на сезоната 2014-15. Непоимливо е да се врати во Кливленд за да биде дел од некој експеримент. Тоа значи дека Кавси мораат, барем наредната сезона да стигнат до плејофот за да бидат видливи конкуренти за потписот на Џејмс во трка што сигурно ќе ги вклучува Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс.“
Играњето со Кајри Ирвинг е во ред. Тристан Томпсон..? Не толку во ред.. А има и еден куп други работи кои го компликуваат враќањето на ЛеБрон во Кливленд, почнувајќи од познатото "“тие не се доволно добри“.
Лично јас се сомневам дека ЛеБрон ќе замине некаде. Тој ќе го помине зенитот на својата кариера во Мајами (ако не и цела кариера).
Но, вие можете да очекувате еден тон вакви слични статии во врска со иднината на ЛеБрон, се додека тој не го стави потписот на неговиот нов максимален договор.
0 comments:
Post a Comment