“It’s a kind of magic”, големиот хит на групата “Queen“, совршено би можела да се додаде на ситуацијата синоќа во Стејплс. Лејкерси против орландо беа во предност во 3/4, а потоа “Магичните“ од Флорида со 40 поени во последната четвртина го оддуваа домаќините, и стигнаа до втората победа на гостувањата.
Се изгледаше мирно кога Џоди Микс со тројка им донесе предност на Лејкерси од 84-77, на 8 минути пред крај. А потоа магијата почна. Орландо за 5 минути направи серија од 21-5, и донесе молк во салата. Најзаслужни за серијата и победата беа Џамир Нелсон, Џ.Џ Редик, Арон Афлало, Никола Вичевиќ и Глен Дејвис. Предноста после серијата беше 98-89. Домаќините до крајот не можеа да се опорават од ништо, па победата заслужена.
Арон Афлало беше херој на вечерта со 30 поени, “Биг Бејби“ Дејвис даде 23 поени и 12 скока, Нелсон имаше 19 поени и 13 асистенции, додека Никола Вичевиќ додаде 17 поени и 12 скока и 4 блока.
“Го пуштивме Двајт да биде Двајт. Тој сака да зборува многу и тоа е кул. Но, овој пат загуби. Тешко му падна овој пораз, па веројатно не се ракуваше со нас. Но мислам дека за тоа никој не размислува. Ние дојдовме да играме кошарка, не да се дружиме.“ - Глен Дејвис.
Во редовите на Лејкерси кој паднаа под 50 % на успешност, на висина на задачата беше Коби Брајант со 34 поени. Двајт Хауард имаше 21 поен и 15 скока, но успеа да промаши 12 слободни фрлања. Мета Ворлд Пис имаше 15 поени и успеа да дојде до својата 1000 тројка во кариерата.
“Немавме тимски учинок. Почнавме доста енергично, но ја немавме енергијата цел меч, што тие тоа го искористија во финишот на мечот и славеја. Што се однесува до мене, немаше никакви посебни емоции, единствено што не мачеше беше нашата лоша игра. Лошо шутирав слободни, ке продолжам да вежбам во тој сегмент.“ - рече Хауард кој 8 сезони помина во Орландо, но не се поздрави со своите соиграчи.
Тренерот ДиАнтони кој од почетокот на работата е на мета на критики во Л.А, немаше многу да каже :
“Не можеме да го фатиме ритамот, да се избориме со екипите кој форсираат брза кошарка. Мораме да работиме на тоа.“
0 comments:
Post a Comment