Крила
ЛеБрон Џејмс и Кевин Дурент се најдобите крила кои ги имаме во лигава, најодобрите играчи и главни кандидати за МВП титулата. Со своите настапи во новата сезона само ги потврдуваат нивните прекари, но тешко е да се каже дека тие не изненадија.
Кармело Ентони (Њу Јорк Никс)
Најдобриот играч на Денвер, но веќе неколку години најдобра играч на Никси, но никогаш лидер, несомнен нападачки потенцијал, во секој натпревар може да постигне 30 поени, но по прв пат покажува дека знае да игра одбрана, ги зема само селектираните шутеви и ја води екипата на теренот. Има позрел ментален пристап и одлично се снаоѓа на позицијата лажна четворка. Физички спремен да се носи со крилните центри, а во нападот им прави проблеми со својата брзина и одличниот шут. По прв пат игра како прав лидер и тоа е видливо по резултатите на Никси.
Николас Батум (Портланд Трил Блејзерс)
Во четвртата сезона како играч на Портланд, Николас Батум стана еден од главните играчи на оваа екипа. Има најдобар учинок во кошеви, скокови, асистенции, украдени топки и блокади и има најмногу минути поминати на теренот во целата екипа. Присутен во сите сегменти на играта и незамлива алка во екипата. Иако поради кратката клупа и релативно неискусни играчи Портланд нема да игра во плејофот, настапите на Батум и Лиланд се причината за задоволство на навивачите на Блејзерс.
Андреи Кириленко ( Минесота Тимбервулвс)
Година дена играње во Европа му помогна на Кириленко да го врати своето самоповерение и форма каква имаше во Јута пред шест сезони. Играч кој е присутен во сите сегменти на играта, вискок процент на шут, асиситра, собира скокви, блокира и краде топки. Тој е една од незамеливите алки во Минесота и еден е од оние играчи на кои не им треба топка за да остват добар впечаток на натпреварот.
Чендлер Персонс (Хјустон Рокетс)
По одличната руки сезона, Персонс продолжи да ја развива својата игра доби голема одговорност и ја оправда. Има просек од 15,5 поени и 7 скокови по натпревар и со 3,5 асистенции и добар процент на шут. Со Харден се клучните играчи на Хјустон. На последниот меч постигна дури 31 поен, тој е млад и талентиран играч пред кој изгледа е убава кошаркарска кариера.
Пол Џорџ (Индијана Пејсерс)
Константниот напредот Пол го покажува во својата релативно кратка НБА кариета, а само беше прашање на време кога овој дваесетогодишен кошаркар ќе го гледаме на Ол-Стар мечевите. Во отсуство на Дени Гренџер стана еден од главните играги со 15,2 поени по натпревар веднаш зад Дејвид Вест, а на 10 место на сите кирла во лигата. Атлетски импресивно граден, го подобрил шутот, ако го заобиколат повредите тој би можел да стане еден од подобрите играчи во НБА.
Секогаш има играчи од кои се очекува повеќе а тоа се пред се следните двајца:
Џерлад Грин (Индијана Пејсерс)
Добива се помала минутажа во екипата на Индијана, атлетски надарен играч и по доброто завршување на минатата сезона во Нетс ја изгуби шутерската форма и не успева подобро да го искористи отсуството на Гренџер.
Џерод Дaдли (Феникс Санс)
Треба да биде еден од главните играчи на екипата на Санс,но партиите кои тој ги пружа засега по ставаат во втор план. Пронаоѓањето на правата шутерска форма е клучна за враќање во форма на овој играч.
0 comments:
Post a Comment