И додека Вашингтон Визардс се надеваа дека можат конечно да победат и да го искористат лесниот распоред, Ентони Дејвис се враќа во составот на Њу Орлеанс Хорнетс и ќе биде достапен за Монти Вилијамс на натпреварот против Визардс.
Откако пропушти 11 натпревари поради проблеми со глуждот, Ентони Дејвис конечно се враќа и е во состојба да му помогне на овој тим на Хорнетс, кој има доста проблеми барајќи победи оваа сезона.
Дејвис просечно постигнува по 16 поени на висока реализација од поле - 49.3%, додека изнудуваше и по 8.5 скока пред да се повреди последниот пат. Дејвис навистина им недостасуваше на Хорнетс во одбраната, бидејќи тие примаат 3.9 поени повеќе во последните 11 натпревари, отколку што примаа на првите 10 натпревари, кога Дејвис беше достапен.
Исто како и годинашниот прв пик на драфтот и минатогодишниот пик број 1 Кајри Ирвинг пропушти 11 последователни натпревари поради искршениот прст на десната рака. Кливленд го очекува Кајри Ирвинг вечерва назад во стартната петорка, на натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс.
Ирвинг присуствуваше на тренингот со Кавалирс во понеделникот, а кам-бекот е една недела порано од очекуваното.
Нападот на Кавалирс без Ирвинг е тотална катастрофа, бидејќи тие шутираат само 39 % од поле и постигнуваат 97 поени по 100 позиции. Тие бројки беа и уште полоши во последните 5 натпревари, каде што имаат просек од 92.1 поени по натпревари и реализација од само 38.3% од поле. Или нешто што ќе ја олесни оваа компарација -- Кливленд имаат само една победа во последните 10 натпревари без Ирвинг.




Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment