Со победа над Орландо Меџик по едно продолжение Мајами Хит ја прекинува серијата од 2 последователни порази, но најзначајна победа од синоќешната новогодишна ноќ беше онаа на Шарлот Бобкетс, кои што со победа над Чикаго Булс ја запраеа црната серија од 18 последователни порази!
Откако ја стартуваа сезоната со рекорд од 7-5, Шарлот Бобкетс немаат победено на ниту еден натпревар послее таа точка. Да бидеме попрецизни, следеја 18 порази во низа, пред синоќа да се сретнат со Чикаго Булс во Јунајтед центарот и конечно да победат. Кемба Вокер го пронајде патот до победата за Чикаго, откако го предводеше својот тим со 18 поени, 8 скока, 6 асистенции и 2 блока. Џералд Хендерсон постигна 16 поени, а од клупата со по 15 поени консолидираа Рамон Сешнс и Бен Гордон.
Кај домаќините најдобар беше Луал Денг со 20 поени и 12 скока, а Карлос Бузер, иако изгубен во одбраната на Тибодо постигна 19 поени во нападот и фати 14 скока. Освен Рип Хамилтон со 11 поени, никој немаше повеќе од 8 поени во редовите на Чикаго.
(продолжение)
Мајами имаше 2 последователни порази пред овој натпревар во Орландо, но на својот 28. роденден одличен беше ЛеБрон Џејмс, па со помош на Вејд и Бош успеа да ја скрати црната серија и да им донесен победа на своите Мајами Хит. Но, Орландо не се предаваше така лесно. По регуларните 48 минути се играше и едно продолжение, но од тука превзедеоја Џејмс и Вејд. Поточно, суперѕвездите на Хит ги постигнаа сите 13 поени што Мајами воопшто ги постигна во продолжението. ЛеБрон заврши со 36 поени, 11 асистенции и 8 скока, Двејн Вејд на крајот имаше 21 поен на 9-20 реализација од поле, а одличен натпревар одигра Крис Бош со 22 поени и реалзиација од поле 10-15.
Кај Орландо Меџик, Никола Вучевиќ го одигра најдобриот натпревар во својата кратка кариера, со постигнати 20 поени и неверојатни 29 скока. Ниту Двајт Хауард, ниту Шекил О'Нил не одиграле ваков натпревар во своето време во Орландо. Ерон Афлало постигна 28 поени, а од клупата одличен беше Џ.Џ. Редик со 23 поени и 8 асистенции.
Кај Орландо Меџик, Никола Вучевиќ го одигра најдобриот натпревар во својата кратка кариера, со постигнати 20 поени и неверојатни 29 скока. Ниту Двајт Хауард, ниту Шекил О'Нил не одиграле ваков натпревар во своето време во Орландо. Ерон Афлало постигна 28 поени, а од клупата одличен беше Џ.Џ. Редик со 23 поени и 8 асистенции.
Останатите натпревари:
Индијана Пејсерс 88 - 83 Мемфис Гризлис
Хјустон Рокетс 123 - 104 Атланта Хокс
Сан Антонио Спарс 104 - 73 Бруклин Нетс
Оклахома Сити Тандер 114 - 96 Феникс Санс
0 comments:
Post a Comment