
Џејмс и Дурант претходната сезона имаа прекрасен судир во финалната серија од НБА лигата, а нивното ривалство прерасна во пријателство, па во текот на летото заедно тренираа. “Кралот“ Џејмс, кој е фаворит за титулата на спортистите во САД, рече дека во наредните години ривалството со Дурант ќе го достигне врвот.
“Знам дека таму негде некој се бори за мојата позиција на МВП. Знам и каде е. Тој е во Оклахома“, рече Џејмс.
Нивното ривалство, како што вели Џејмс, е голема инспирација за него, она што го тера да биде подобар. Токму овие зборови на пофалба го “натераа“ Леброн со Дурантула да изјави како е свесен дека јавноста од него очекува да го мрзи ЛеБрон Џејмс.
“Тој ме инспирира дека ја гледам насоката во која тој оди, мојата е иста. Тој го познава мојот менталитет, јас го знам неговиот. Ние се натпреваруваме меѓусебно.“, рече Џејмс.
И покрај големото ривалство, во овие моменти двата најдобри кошаркари на светот се добри другари со години, па и празниците ги поминуваат заедно. Џејмс и Дурант беа најдобри играчи во НБА лигата во текот на ноември.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment