Најава за седмото коло
Written By Unknown on 8.12.12 | 16:53
Во исчекување сме во новите три напревари од седмото коло од првата македонска кошаркарска лига. Вчера седмото коло го отворија Работнички и Вардар каде што тимот од Градски Парк успеа да триумфира со големи 110 - 69.
Првиот наптревар за денес се игра во Кавадарци во 18:00 часот каде што Фени Индустри ќе го пречека тимот од Гевгелија. Фени се моментално првопласирани на табелата и победа на домашен терен би им значела многу.
Во вториот наптревар шестопласираната Лирија ќе го пречека тимот од Битола, Пелистер Спорт кои се последни на табелата. Натпреварот започува во 18:30 часот. .
Седмото коло од првата македонска кошаркарска лига го затвараме со наптреварот помеѓу Куманово и Струмица. Овие тимови имаат ист број на бодови (10) и овој наптревар би одлучил кој ќе биде на повисоко место на табелата. Пренос од овој наптревар ќе има на Канал 5.
!–->!–->



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment