
Колку овој пораз им падна тешко на играчите на Хит кажува првата ѕвезда на Хит, Леброн Џејмс кој веднаш после мечот се одлучил да одработи напорен тренинг.
ЛеБрон мечот го заврши со 31 поен, 10 скока и 9 асистенции, но овие бројки не беа доволни за победа.
“Не растурија. Доминираа во натпреварот, но и во првиот меч не победија. Не чека доста работа. Не можеме само така да поминеме преку ова. Затоа одработив тренинг во теретана. Едноставно е, морам да бидем уште подобар. Дел сум од овој тим и јас последен ќе ја напуштам салата.“ - вели Џејмс.
Мајами Хит се наоѓа моментално на втората позиција на Истокот, со 12 победи и 5 порази.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment