Home » , » О.Џ Мејо: “Бев на чекор од Бостон“

О.Џ Мејо: “Бев на чекор од Бостон“

Written By Anonymous on 15.12.12 | 19:05


Најдобриот кошаркар на Далас оваа сезона и првиот стрелец на шампионот од 2011, О.Џ Мејо призна дека во текот на летото бил многу блиску за потпишување со најтрофејниот клуб во историјата на НБА Лигата, Бостон Селтикс. Бекот на далас кој минатата година беше член на Мемфис, требал да биде трејдуван за Реј Ален, но договорот во последната минута пропаднал.

Но, овој кошаркар ни малку не е возбуден што не склучил договор со Бостон. Тој ја ужива улогата на лидер на Далас и има во просек по 20.9 поени, 4.1 скокови и 3.5 асистенции од натпревар.

“Не, нема што тука да коментирам. Договорот пропадна без мене. Бев во добра ситуација во Мемфис минатата година, не бев премногу оптеретен со тие шпекулации. Но, ако мене ме прашате да ли би ми било мило да станам Селтик, секако би прифатил. Сите знаеме колку е голем тој клуб, а мене би ми било мило да играм со играчи како што се Ражон Рондо, Пол Пирс и Кевин Гарнет. Секако би ми било и чест и привилегија да ме тренира тренер како што е Док Риверс“ - изјави Мејо.

0 comments:

Post a Comment