Со само 3 минути преостанати на натпреварот на Никс против Санс во неделата, Шенон Браун беше сам во контра-напад, кога одеднаш Ентони се најде позади него и го изблокира Браун пред тој да постигне 2 поени.
Можеби тоа не беше блок во стилот на ЛеБрон Џејмс, но тоа е потег што би требало да го прави секој лидер, секој елитен играч. Тоа е потег што треба психички да ги подигне останатите играчи во тимот. Како и да е, Мело не беше познат по вакви дефанзини потези.
Овој Ентони што го гледаме во Њу Јорк оваа сезона е сосема нов играч. Никси моментално имааат рекорд од 13-4 и доколку Мело продолжи да игра на вакво високо ниво, лесно може да го стави своето име на врвот од MVP трката.
Тајсон Чендлер, најдобриот дефанзивец на минатата сезона и соиграч на Кармело Ентони во Њу Јорк Никс и олимписката репрезентација на САД, вели дека играњето со Олимпискиот тим на САД го направил Ентони многу посериозен и подобар играч.
“Мислам дека играњето за САД на изминативе ОИ во Лондон е најдоброто нешто што можеше да му се случи на него. Кармело е голем натпреварувач и сака да биде еден од најдобрите играчи во оваа лига, а и несомнено спаѓа во таа група на елитни играчи. Играјќи со најдобрите играчи во светот минатово лето мислам дека само ги забистри неговите натпреварувачки мисли.“ - изјави Тајсон Чендлер, зборувајќи за искуството што го стекнал играјќи со Кармело Ентони во олимпискиот тим на САД.
Мело е многу подобар играч. Не е себичен, гледа се повеќе и повеќе да ја движи топката во нападот и да се движи себеси во одбрана. Изгледа како вистински лидер.
“Ентони дефинитивно игра многу подобро на двата краја на теренот, а тоа е всушност дефиниција за лидер на еден тим. Да се игра врвно само во нападот не значи дека сте добар лидер. Доколку пак играте и напад и одбрана на високо ниво, тогаш слободно можете да се прогласите за лидер на еден тим. “ - додаде Чендлер.
Сепак, само 17 натпревари во новата сезона не кажуваат ништо. Но чувството е различно во Њу Јорк. И можевме да ја почувстуваме таа промена уште во деновите во Лондон.
0 comments:
Post a Comment