Успехот на Коби кој вчера во натпреварот со Хорнетс го даде својот 30.000 поен во кариерата, не го остави рамнодушен ниту легендарниот центар на Лејкерси, Карим Абдул - Џабар, кој имаше само пофални зборови за овој рекорд.
Коби Брајант (34) влезе во најелитното друштво на НБА лигата. Надминувајќи ја границата од +30.000 поени суперѕвездата на Лејкерси им се придружи на легендите - Карим Абдул - Џабар (38387), Карл Малоун (36928), Мајкл Џордан (32292) и Вилт Чемберлејн (31419).
Да биде работата поголема, Коби како најмлад дојде до овој подвиг. Вистина, на лигата дојде на 18 поени, и ја игра својата 17та сезона, за овој успех му беа потребни најмногу натпревари - 1179. На Малоун му требаа 1152, Џабар 1010, а на Џордан и на Вилт им требаа помалку од 1000, 960 односно Вилт 941.
“Мислам дека Коби има навистина добра можност да стане најдобар на сите времиња. Има неверојатен шут, тоа му е предноста во однос на мене. Воудушевен сум како игра. Тој може да го погоди кошот од било која позиција.“ - вели Џабар и додава :
“Коби е таков тип на играч кој е опасен кога ќе ја помине половината. Одма може да погоди. Прави огромен притисок, тоа е причината за успешноста. Навистина е неверојатен.“ - се изјаснува Џабар.
“Лејкерси мораат да научат да се однесуваат како тим, тоа е предуслов да имаат добри резултати. Мораат да бидат снажен колектив, а не група поединци кој се борат само за рекорди.“ - завршува Карим кој неодамна добри своја статуа пред Стејплс Центарот.
0 comments:
Post a Comment