Вториот наптревар се одигра во Кавадарци во салата Јасмин каде што Кожув успеа да го совлада првопласираниот Фени Индустри со 73:79. Најефикасни за тимот од Гевгелија беа новиот член Игор Мијајловиќ со 14 поени, потоа Караџовски со 13 и Пенов со 10. За тимот од Кавадарци најефикасни беа Кнежевиќ со 19 поени и 9 скокови, Братиќ со 14 поени и Бојан Трајковки со 12 поени и 7 скокови.
Во третиот наптревар од седмото коло тимот од Сарај лесно го совлада Пелистер Спорт со конечки 100:66. Најефикасни за Лирија беа Радуновиќ со 22 поени и 6 асистенции, Тасовски со 20 поени и Стајиќ со 16. За тимот од Битола највеќе поени постигнаа Аканиевски (17), Баснарков (12), и Мукаетов (11).
Седмото коло го затворија кошаркарите на Куманово и на Струмица. Куманово успеа да ги совлада Струмичаните со 95:86. Најзаслужни за победата на Куманово беа Костоски со 29 поени и 7 асистенции, Димчевски со 23 поени и 6 скокови и Луковиќ со 21 поен и 9 скокови. Најефикасни кај тимот на Струмица беа Јањушевиќ со 25 поени и 6 скокови, Евтим Богоев со дабл - дабл учинок (17 поени и 10 асистенции) и Јевдиќ со 11 поени и 3 асистенции.
Работнички - Вардар 110 - 69
Фени Индустри - Кожув 73 - 79
Лирија - Пелистер Спорт 100 - 66
Куманово - Струмица 95 - 86


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment