
Моментално Лејкерси се на 11-тото место на Западот со скор од 9-11 по поразот од Тандер со 108-114, што е далеку од очекувањата со обзир на тоа кој се не им игра во тимот. Иако сезоната е само на почетокот, Лејкерси поминаа низ многу, а најзначајна работа е менувањето на тренерот. Мајк Браун беше заменет со Мајк Ди’Антони, но играчите сеуште се прилагодуваат на напаѓачката филозофија и ќе треба повеќе време Лејкерси да заиграат онака како што знаат.
Коби Брајант е сигурен дека тимот е на добар пат, оставија добар впечаток и покрај поразот и имаат темел за нивната игра.
“Не смееме да бидеме воудушевени што игравме цврсто еден натпревар. Таков пристап мораме да имаме во секој натпревар, но мислам дека дадовме се од себе.“ - изјави Коби Брајант кој имаше 35 поени и 7 асистенции. “Ова беше добар пример како треба да играме и да се трудиме против најдобрите. Треба да продолжиме по овој пат.“
Иако играа без двајца клучни играчи, Пау Гасол и Стив Неш, Лејкерси до крајот на натпреварот не се предаваа па така од -19 стигнаа до -5, на 20 секунди до крајот, но играчите на Тандер беа смирени од линијата за слободни фрлања.
“Не се предадовме. Се боревме до крај. Задоволен сум од тоа како игравме, и од физичка и од психичка перспектива. Полека напредуваме и ќе бидеме подобри.“ - вели Мајк Ди’Антони.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment