Никси вчеравечер ги победија Феникс со резултат 106-99, и стигнаа до својата седма победа во Медисон без пораз, вкупно имаат скор од 12-4, но тренерот на Никс, Мајк Вудсон, има причина за грижа. Имено, во текот на натпреварот Фелтон кој имаше 23 поени и 7 асистенции се пожали на повреда на раката.
“Не знам што се случи, раката во еден момент почна ужасно да ме боли. Набрзо потоа и потече. Вакви работи во спортот се случуваат, ќе видиме какви ќе се резултатите. Се надевам дека се ќе биде во ред“, рече Фелтон.
Доколку резултатите од снимањето бидат позитивни и болката во раката му престане, тој ќе се појави на паркетот во среда кога Никси ќе играат со Шарлот. Меѓутоа, доколку стане збор за сериозна повреда, Мајк Вудсон ќе остане само со еден плејмејкер, Пабло Приџони, затоа што Џејсон Кид е надвор од тимот поради болки во 'рбетот.
Рејмон Фелтон игра одлично оваа сезона, до сега нема пропуштено ниту еден натпревар и просечно постигнува по 15.1 поен и има 6.8 асистенции.
0 comments:
Post a Comment