Крилни Центри
Тешко е да се каже кој моментално е најдобриот крилен центар во лигата. Кевин Лав, ЛаМаркус Олдриџ, Блејк Грифин или некои од постарите како Дирк Новицки и Кевин Гарнет. Нивните квалитети се добро познати и тешко тие можат да не изненадат, но сепак да погледеднеме кои тоа успеаа да го направат:
Кенет Фарид (Денвер Нагетс)
Еден од најдобрите скокачи во лигата,играч кој со својата енергија и атлетските забивања ги одушевува љубителите на кошарката и одлично се вклопува во брканицата која Нагетси ја практикуваат. Ја подобри својата статистика во однос на неговата руки сезона и го ужива поверението кое му го доверува Џорџ Карл. Пријатно не изненади и очекуваме и понатаму да напредува.
Зек Рендолф (Мемфис Гризлис)
Претходната сезона му ја обележија повредите, а кога се врати тоа не беше вистинскиот Зек.Оваа лето напорно работеше,се наоѓа во животна форма,што остава впечаток во неговата игра и во играта на неговата екипа.Одлично се вклопи во тандем со Марк Гасол и сите негови фанови неможеа ниту да се надеваат на подобар почеток.
Серџ Ибака (Оклахома Сити Тандер)
Главен играч под кошевите за екипата на Оклахома и трета опција во нападот по заминувањето на Харден. Сосема очекувано еден од најдобрите блокери во лигата со просек од скоро три блокади и има одличен процент на шутот од поле. Ги бележи најдобрите бројки во кариерата и во скоковите и по бројот на постигнати поени, а како и на останатите звезди на оваа екипа најдобрите кошаркарски години се пред него.
Дерик Фејворс (Јута Џез)
Млада и надојдувачка ѕвезда во екипа преполна со квалитетни виски играчи.Има импресвини две блокади по натпревар и по мислење на експертите станува збор за потенциален Ол-Стар играч.Добива се поголема доверба од тренерот на Јута и го оправдува.Најмногу кошеви и скокови во неговата тригодишна кариера,но времето на овој кошаркар допрва доаѓа.
Ентони Дејвис (Њу Орлеанс Хорнетс)
Иако почетокот на руки сезоната му ја обележи повредата оваа идна суперѕвезда не пропушти да го покаже својот талент. 16 поени, 8 скокови и две блокади има просек на шест меча кои ги одигра, но зачудува потенцијалот кој го поседува оваа младо момче. Долги раце, раздвишеност и чувство за блокада веќе сега го прават одличен дефанзивец, но тој сеуште треба да напредува.
По позитивните сега е редот да ги споменеме и оние кои негативно не изненадија :
Тајлер Хензбро (Индијана Пејсерс)
Ги загуби своите минути по пристигнувањето на Дејвид Вест и не е тој вистинскиот оној од плејоф серијата против Булси пред две години. Бројките константно му пагаат, она што го покажува не е доволно да остави значаен впечаток на натпреварите.
Ерсан Илјасова (Милвоки Бакс)
Доби нов договор и во потполност разочара. Го изгуби местото во првиот тим, на теренот поминува околу дваесет минути и Лери Сандерс и Џон Хенсон добиваат повеќе шанса. Во 12 меча колку имаат изиграно неговите Бакси тој одигра само една добра партија тоа е наптпреварот против Булс. Дали натпреварот против Булс наговестува подобра форма или само еден блесок тоа ќе го видиме наскоро.
Џеф Грин (Бостон Селтикс)
Ја пропушти целата мината сезона поради операцијата на срцето и неблагодарно е да го критикуваме на почетокот на сезоната. За очекување е дека ќе ја подобри својата игра, но засега во Бостон не го покажува онаа поради кое го доведоа.
0 comments:
Post a Comment