Каква вечер за Зек Рендолф! Крилниот центар доминираше во натпреварот со Санс кој беше решен по продолжение со резултат од 108-98.
На крајот на средбата публиката со стоечки овации викаше “Зи-Бо, Зи-Бо“, а имаше и голема причина. Сјајниот крилен центар на Мемфис имаше вечер за незаборав во ФедЕкс Форумот и му донесе победа на својот тим со 38 поени и 22 скока.
Мемфис се наоѓаше во пораз неколку минути пред крајот, но сјајниот кошаркар на овој клуб не се предаде. На својот грб го носеше Гасол, Геј и другите и не им дозволи да помислат на пораз. Шутираше 15 од 22 од игра, доминираше под обрачите факајќи 15 дефанзивни и дури 7 офанзивни скока.
Во продолжението Зек Рендолф додаде две од своите три блокади, и беше најзаслужен за серијата од 14-4 која на крајот им донесе победа на домаќините. По средбата Рендолф истакна дека оваа му е најдобра партија од 2011 година и игрите во плејофот со кој беа клучни со Геј.
“Вечерва бев на ниво, навистина ми е драго. Долго не изиграв ваков меч, ми се чини од плејофот во 2011 година. По тоа се мачев со повреди, се надевам дека ке сум оној стариот.“ - вели Рендолф.
0 comments:
Post a Comment