Home » , » Док Риверс е шокиран затоа што Штерн го казни Попович

Док Риверс е шокиран затоа што Штерн го казни Попович

Written By Anonymous on 2.12.12 | 15:53


Одлуката на тренерот на Спарс, Грег Попович на натпреварот со Мајами да не ги донесе главните ѕвезди на тимот крена голема прашина. Најпрво се јави комесарот на НБА лигата кој им се извинуваше на навивачите, а потоа ги казни Спарси. Одговор доаѓа и од Бостон, поточно од тренерот Док Риверс кој стои во одбрана на неговиот колега.

Имено, тренерот на Селтикс изјави дека не му се допаднало ни малу тоа што Штерн одлучи да им “наплати“ на Спарси 250.000 долари за одморот на Тим Данкан, Тони Паркер, Ману Џинобили и Дени Грин во едно дерби кое беше одиграно пред два дена во Американ Ерлајнс Арената.

“Ни малку не ми се допаѓа тоа што го направи Штерн. Разбирам што посакуваше со тоа да каже, но јас мислам поинаку. Тренерот мора да направи се што е најдобро за тимот, сезоната е прилично долга, а резултатите секогаш се очекуваат од нас тренерите. Затоа тренерите мораат да се справат како знаат и умеат. Ако на играчите им е потребен одмор, тогаш на одморот мора да се одмараат. Тешка и погрешна одлука“- незадоволно прокоментира Риверс. Кога го прашаа дали тој можеби би ја прибегнал тактиката на одмарање на играчите, Док Риверс не даде конкретен одговор:

“Видите, можеби и ние ќе го сториме тоа на некој начин. Проблемот е во тоа што нам мора да ни е овозможено без никакви казни да ги одмараме играчите и да правиме состав на теренот кој го сметаме дека е најдобар за тимот. Дали тоа ќе се случува на почетокот на сезоната или на крајот, е веќе потполно сеедно. Дали оваја одлука на Штерн значи дека не ни е дозволено да му дадеме на некој играч слободен ден или два, па дури и доколку би имал одредени семејни проблеми? Ова е прашање што мора побрзо да се реши“, завзеде јасен став Док Риверс и додаде:

“Тренерите ќе направат се што можат за да му помогнат на својот тим да игра добро за подолго време. Доколку тоа не го направат, ќе му зададат штета на својот тим, а со тоа и на самите себе. На крај, колата секогаш им се крши на грбот на тренерите. Нам тренерите мора да ни е овозможено да правиме најдобри потези за нашиот тим“, заклучи тренерот на Бостон Селтикс.

0 comments:

Post a Comment