
Последниот проблем кои го направи ДеМаркус е расправата со тренерот Кејт Смарт во натпреварот со Л.А Клиперс, каде целото второ полувреме седеше на клупата.
Секако, челниците на франшизата веднаш после тоа одлучија да го санкционираат однесувањето на овој кошаркар, но експерсно тој е помилуван по само два дена суспензија. Набрзо, Казнс молеше за враќање и останување во Кингси вејеќки дека тоа е единствениот клуб за кој сака да игра.
Меѓутоа, сите неволји кои ги донесе во Сакраменто, ќе му се вратат. Како што пренесуваат американските медиуми, Сакраменто е спремен да го трејдува својот центар, а веќе неколку клубови покажале интерес за него. Како што стојат работите, најсериозен интерес покажаа “зелените“, односно Бостон Селтикси.
Не е тајна дека франшизата на Бостон веќе со години наназад игра без класични 5ки, па да во таа улога често се наоѓаат и искусните Кевин Гарнет и Брендон Бас на кои природна позиција им е позицијата на крилен центар. Меѓутоа, не е познато кои играчи Селтикси би ги дале за Казнс. Има уште еден клуб кој е заинтересиран за Казнс, а тоа е тимот на Пистоси, но тоа е помалку реално во овој момент.
Казнс во НБА лигата стигна пред 3 сезони кога како 5ти пик на драфтот го избраа Кингси. Моментално дава по 16.5 поени и има 9.5 скока. Неговиот играчки талент никогаш не бил спорен, но каква ќе биде судбината на “Марио Балотели“ од НБА лигата, останува да видиме во наредните денови...
0 comments:
Post a Comment