
Еден од најзаслужните за триумфот на Бостон беше Пол Пирс кој натпреварот го заврши со рекорд за сезоната од 34 поени и 6 скокови. Меѓутоа, не е популарна “Вистината“ за вистинскиот херој на оваа незаборавна победа. Плејмејкерот на Бостон, Ражон Рондо, одигра историска партија, имаше 16 поени, подели 15 асистенции, имаше 9 скокови, а најзначајното од се беше тоа што на теренот беше неверојатни 55 минути што му е рекорд во кариерата...
“Ние баравме од тој човек да го остави срцето на теренот. Баравме да се стегне во одбраната - се стегна. Баравме да постигнува поени - постигна. Баравме да скока - скокаше. Знаеме дека баравме многу, но знаеме дека тој тоа го може. И се направи“, беше многу благодарен од играта на плејмејкерот капитенот на Селтикс.
А Фишер да играше малку подобро во одбраната во последниот напад на Селтикс, Рондо можеше да го реши натпреварот без продолжение. Но не одигра. Ветеранот беше на висина на дефанзивната задача. После тоа, можеше и Пол Пирс да го реши прашањето за победник во второто продолжение, но неговиот шут го блокира Донтај Џонс. Како епилог на се беше виден голем спектакл и второто продолжение кое беше решено со една топка.
“Можеби направив една голема грешка во текот на натпреварот. Го оставив сам Рондо цело време на паркетот. Меѓутоа, мислев дека ќе донесе неопходна брзина во нашиот напад и дека ќе стигнеме до триумф. На крајот успеавме“, вели тренерот на Селтикс, Док Риверс.
Победата на Бостон ја заврши Пол Пирс кој ноќва стигна до еден убав јубилеј. Имено, капитенот на “зелените“ ја проби границата постигнувајќи 23.000 поени во кариерата. И од друга страна се пишувани рекорди. Меѓутоа, негативни. О Џеј Мејо, најдобриот стрелец на Далас оваа сезона, запиша тек девет изгубени топки што му е личен негативен рекорд во својата кариера. Меѓутоа, се тоа го надополна со 24 поени за 51 минута на паркетот.
“Каков натпревар! Ни малку не сум уморен после се... Ова беше прав спектакл, но боли што не победивме. Боли и тоа што јас сум крив за сето тоа, што изгубив толку топки... Видете ја само таа статистика, изгубив девет од вкупно 18 наши изгубени топки. Не треба така да играм, не треба ни Далас толку да дава топки. Тоа беше премногу, тоа е и причина за поразот. Мораме подобро да го контролираме нападот“, рече Мејо.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment