Home » , » Соиграчите веќе го прогласија Кармело Ентони за МВП

Соиграчите веќе го прогласија Кармело Ентони за МВП

Written By Anonymous on 13.12.12 | 16:17

По феноменалните партии на суперѕвездата на Никси во јавноста името на Кармело Ентони се почесто фигурира како главен кандидат за наградата за МВП на сезоната.

По неверојатниот трилер во мечот во кој Никси ги совладаа Нетси во Барклиз Центарот со резултат од 100-97, и феноменалните 45 поени на Кармело Ентони во јавноста се повеќе се зборува дека овој човек би требало да ја добие наградата за МВП на сезоната. Меѓутоа, ѕвездата на Никси, популарниот Мело, вели дека е рано за тие приказни и дека сеуште е рано и има уште многу да се игра...

Оваа приказна потекнува од соиграчите на Кармело и самиот тренер на Никс, Мајк Вудсон, кој веќе зборувајќи за Мело го користат изразот “МВП“ како синоним за неговото име. Имено, според мислењето на искусниот Џејсон Кид, Кармело во дуелот со Никс заслужувал да го има последниот шут. Наместо тоа, како што кажува Кид, тој одвлече двајца играчи, ја врати топата до Фелтон кој со екстра пас го пронајде Кид кој погоди за триумф.

“Луѓе, мислам дека имаме МВП веќе сега. Тој игра на високо ниво. Беше удвоен, но не му беше жал да го жртвува последниот шут за да победи тимот. За мене, тоа е навистина нешто големо. Тоа ми зборува дека созреал како игра, дека верува во соиграчите. Верува дека и останатите ќе погодат. Што да ви кажам, го имам гледано каде што има играно добро, но ова е нешто фантастично, посебно.“,

вели Мајк Вудсон за Мело кој против Нетси даде 45 поени за 44 минути.

“Што да кажам, не сакав да загубам од Бруклин. Минатиот пат игравме продолжение и загубивме, и сега се чувствувам сјајно. Нема да лажам, ова беше дерби. Кога сте на тој паркет, кога ја слушате енергијата и сите тие играчи кој велат ’Бруклин, Бруклин’, сфаќате дека во сето тоа нема ништо лично. Јас сум роден овде и поради тоа ми беше многу драго“, 

вели Ентони, а потоа реши и да ги прекине приказните околу неговото именување за МВП на регуларниот дел од сезоната.

“Мислам дека е навистина рано за тие приказни. Погледнете го календарот, па ни декември не заврши. Треба да се почека, да видиме што ќе направиме како тим. Сеуште учиме како да играме заедно, учиме како да победуваме тесни натпревари, како овој со Нетс. Ако вака продолжи сезоната и за мене и за мојот тим, тогаш ќе можеме да разговараме на оваа тема.“,

порача Ентони.

0 comments:

Post a Comment