Home » , » Даг Колинс ги остави “гладни“ навивачите во Филаделфија

Даг Колинс ги остави “гладни“ навивачите во Филаделфија

Written By Anonymous on 23.12.12 | 13:09


100 поени = Биг Мек за сите присутни

Филаделфија Севенти Сиксерси во петокот забележаа уверлива победа на свој паркет над Атланта Хокси, но навивачите не излегоја баш расположени од Велс Фарго Центарот. Имено сите останаа пократки за бестплатни “Бик Мек“-ови затоа што нивниот тим остана краток за уште еден поен. Организаторот делеше Биг Мек“-ов доколку домашниот тим минимално даде 100 поени.

23,7 секунди пред крајот резултатот беше 99-80, бекот на Филаделфија Еван Тарнер ја зеде топката и со големи овации тргна кон кошот за да им “заработи“ бесплатна храна на навивачите. Во тој момент од клупата се јави Даг Колинс кој му нареди да ја задржи топката до истекот на времето т.е да не го напаѓа кошот воопшто. Тарнер го послуша со насмевка и ја издрибла топката до крајот на натпреварот.

Навивачите таквата одлука на тренерот Колинс не ја толерираа и го испратија без овации, додека некои ова го сметаа како “издавање“ на тимот. Погледнете ги последните 23 секунди од натпреварот од градот на “братската љубов“.

0 comments:

Post a Comment