Home » , » Стадемаер најверојатно ќе почне да игра како резерва од клупата

Стадемаер најверојатно ќе почне да игра како резерва од клупата

Written By Unknown on 29.12.12 | 20:07

Никси оваа сезона имаат 21 победа и 9 порази без Амаре Стадемаер оваа сезона. Кармело Ентони ја игра најдобрата сезона во неговата кариера и е МВП кандидат, но тој повеќето од времето поминато на паркетот игра на позицијата на Стадемаер.  

Стадемаер е блиску до враќање во тимот и Никс ќе мораат да го решат тој проблем. Дали тие сакаат Амаре да биде во стартните 5 или да влегува во игра од клупата?

Очигледно е дека Кармело Ентони е повеќе продуктивен на позицијата крилен центар. Тоа му дозволува да ја рашири својата игра и да биде поопасен кон противниците.

Многу стручни лица велат дека Стадемаер би можел да го завземе местото на Рони Бруер како стартер, со што сигурно Амаре би шутирал повеќе од 37 проценти за разлика од Бруер.

Очигледно е дека Њу Јорк играат одлична кошарка без Стадемаер, но сепак тој е играч од висок калибар кој би можел доста да им помогне во играта. Амаре можеби не би се совпаднал заедно со Ентони и Чендлер, но сепак тој би можел да помогне од клупата.

Мајк Вудсон продолжува да тврди дека во неговиот систем, Ентони и Амаре би биле одлично дуо, нешто што неможеше да го докаже минатата сезона додека двајцата беа повредени често и ретко да заигруваат на ист натпревар под палката на Вудсон.

0 comments:

Post a Comment