Home » , » Кевин Дурант :“Како дете, сакав да играм како Лери Брд“

Кевин Дурант :“Како дете, сакав да играм како Лери Брд“

Written By Anonymous on 7.12.12 | 12:16


Суперѕвездата на Оклахома зборува за своето детство и играчите кој ги обожавал додека траело...

Мега ѕвездата на Оклахома Сити Тандер и трикратниот најдобар стрелец во НБА, Кевин Дурант (24), рече дека како мал сакал да стане играч сличен на бившиот ас на Бостон Селтикс, Лери Брд.

За многу популарниот “Дурантула“ е еден од најдобрите играчи во НБА лигата, човекот кој ја бележи историјата. Меѓутоа и најголемите херои имаат свои идоли. Идолот на Дурант беше Лери Брд.

“Кога бев дете, го гледав Лери. Имав некоја видео касета со со филмови за тој играч... Неверојатно ми се допаѓаше неговиот пристап на играта и начинот на кој се однесуваше на теренот. Кога како дете почнав да тренирам, мојот кум Браун, кој ми покажа неколку основни чекори, кој секогаш беше фан на Лери. Пораснав со бројките на Лери Брд и неговата статистика.“ - вели Кеј Ди.

Оваа сезона игра на ниво, просечно дава 26.5 поени и е водечки стрелец на својот тим. Покрај тоа има и 8.5 скока и има 4.4 асистенции. Сјајниот кошаркар додава дека како што растел, се повеќе се интересирал за НБА лигата.

“Секако , како што растев почнав да гледам НБА, анатолиските натпревар и секако слушав приказни за големите ривалства помеѓу Лејкерси и Бостон, за борбите на Лери и Меџик.. Се тоа неверојатно ми се допадна. Неверојатно е тоа ривалство. Неверојатно беше колку беше Лери добар во својата работа. Играше навистина машка кошарка. Играше и сакаше кошарка. И тоа е нешто на што потсеќам на него.“ - завршува Кевин Дурант.

0 comments:

Post a Comment