Приказна за човекот за кој и Мајкл Џордан веруваше дека ќе стане најдобар на сите времиња...

“Се сеќвам кога родителите стигнаа во болницата и кога Бен стигна дома. Тоа беше најсреќен момент во мојот живот. Тогаш не ни знаев, но времето ќе покаже дека ќе му бидам како татко. Практично сам го одгледав. Родителите ни беа вредни луѓе, таткото му работеше во пошта, мајка му беше медицинска сестра. Двајцата работеа две смени, дури и во ноќта. Затоа мене ми беше доверен, требаше да го чувам Бенџи. Колку пати само му ги променив пелените, го хранев, го чував“,
вели Куртиш Глен, постариот брат на Бен. Уште од мали нозе љубовта кон играта му беше видлива и во соседните куќи. Во недостаток на кошаркарски терен, група од деца меѓу кои беше и Бенџи, од една обична канта за одпадоци направија обрач. Го закачија на ѕидот на соседната куќа, и забавата можеше да започне:
“Останувавме на кошот и цели вечери. Неверојатно, Бенџи беше заљубен во топката. Понекогаш соседите не бркаа дома рано наутро, а тој беше незадоволен бидејќи сеуште сакаше да игра“,
вели Глен. Како што поминуваа годините, импровизираниот терен преку улицата не му беше доволен на Бенџи, теренот стана мал, имаше желба своето име да го запише на кошаркарската мапа. Не помина долго, со своите другари почна да оди во локалните терени во Чикаго и да ги одмерува силите со сите можни тимови.
“Кога ќе видеше дека некој е подобар од него викаше: ’Не можам да верувам, немам поим. Одам во теретана, се надградувам, не може да биде никој подобар од мене’. Беше вистински кошаркарски фанатик, сум среќавал луѓе кои го сакале спортот, но никој го немаше тоа што го има Бенџи. Како веќе од 11 или 12 години да имаше вграден чип кој секојдневно го тераше да работи и вежба“,
вели еден од неговите другари. Желбата за константен напредок го одведе Вилсон на школото за кошарка “Дајнасти“. Регуларното темпо на тренинг е сето она што тренерот Роберт Хоуп Рид му го нудеше. Но, тоа и натаму не можеше да го задоволи Бенџи.
“Дојде и веднаш сакаше да научи да дрибла. И така почнав да ја вметнувам секоја вежба која беше врзана за дриблинг. Тренер сум со децении и мислам дека се сум видел. Во главно јас сум тој кој секогаш ги притискал играчите да работат, но со Бенџи не беше така, тој ме притискаше мене. Секогаш ми викаше: ’Тренеру, сакам уште, покажите ми повеќе, научете ме повеќе“,
вели тренерот Роберт Хоуп Рид. Никој не сфаќаше колкава е желбата на Бен Вилсон да стане кошаркар. Родителите, што е извесно, знаеја само едно: спортот е средство кое ќе го чува Бенџи од неволји. Меѓутоа, до касните 70-ти години неволијте станаа синоним за Чикаго. Криминалците стануваа се поопасни и пооранизирани, а безбедноста на граѓаните се помала. Вилсон гледаше како неговите другари од кошарката се шетаа со полни џебови од долари. Ако сте сеуште млад малолетник, на кого му е гајле за парите? За пет минути страв моеже да “заработите“ доволно за купување на ситници кои значат живот, за кои родителите немаат дебели паричници.
“Родителите ме замолија да разговарам со Бенџи. Трабаше да му објаснам да не се плетка со лошо друштво. Дека треба да остане сконцентиран на кошарката која му одеше од рака. Дилувањето дрога никого со леб не го нахранило. Го однесов во подрумот и разговаравме. Нашиот диалог беше физички, ако ме разбирате“,
вели Куртиш Глен. Можеби тупаниците беа тие кои му помогнаа на Вилсон да остане сконцентриран на својата задача.
“Се сеќавам, имавме некоја задача на училиште да напишеме нешто за себе за училишниот весник. Секој требаше да го напише своето име и презиме и покрај тоа работата која ке ја работи во животот. Бенџи покрај своето име напиша и ’сакам да се запишам во средното школо Семион и да станам кошаркар“,
вели Марио Колмен, другар на Бенџи. Семион беше и остана позната школа во Чикаго во која како своја репутација ги прави најдобрите спортиси - шампиони. Не е тајна дека токму во ова школо, некоја деценија покасно, замина и сегашната ѕвезда на Чикаго, Дерик Роуз. И баш како што е пред крајот на својата основна школа Вилсон напиша на парчето хартија каде сака да се запише, така и беше. Се запиша во посакуваната школа и му се придружи на кошаркарскиот тим. Ако во тој момент некој беше горд на него, до небото, тоа беа неговите родители. Без дилеми.
Најважно за нив од се, беше тоа што нивниот син е тргнат од улица и далеку од лошото друштво. Семион е школа во која ретко се случуваат лоши работи. Меѓутоа, пред Бенџи беше тежок пат за докажување. На уличните терени имаше одредена репутација, но во школскиот тим беше аномиус. За големиот број на поени можеше само да дава аплауз, а секој момент на паркетот беше за него благослов:
“Кога стигна во тимот беше висок околу 185 цантиметри и многу слаб... Мислев дека може да одигра некоја минута на позиција плеј, имаше добра техника. Но, далеку од тоа, немав многу верба во него. Од 14 играчи во тимот тој да речеме беше 12ти. Меѓутоа, до крајот на сезоната добиваше се повеќе шанси. Беше перфекционист. Сакаше секој шут кој ке го упати да помине низ обрачот“,
вели тогашниот тренер Џорџ Статон. Меѓутоа, по првата година Бенџи добиваше сантиметри, и тоа многу.
“Мајка ни ни велеше да застанеме еден до еден и да погодиме кој од нас е повисок. Никогаш не можевме да погодиме. Но, до крајот на летото морав да го гледам Бенџи како да е на небото. Порасна сигурно 10 цантиметри“,
вели Куртиш Глен. Во втората година не беше оној стар Бен Вилсон кој влегуваше од клупата. Помошниот тренер Стантон знаеше дека човекот кој има скоро 2 метри и кој има снајперски прецизен шут е реткост. Таквиот спој беше реткост. Цантиметрите кои ги доби во текот на летото беа потврда дека тој е на вистинскиот пат. Неговата желба да стане најдобар кошаркар на сите времиња беше бетонирана.
“Се сеќавам дека во Тајмс излезе една статија за најдобрите млади кошаркари на Чикаго. Во него не го пишуваше името на Бенџи. Тогаш прв пат го видов како плаче како дете. Го згужва листот од весникот и го фрли. Не знаев што се случува, па го прашав. Ми рече: ’Не ме спомнаа’. Одговорив дека тоа не е ништо важно, дека не можат сите да знаат за него. Тој стана и бесно рече: ’Ќе им покажам на сите кој е број еден, ќе дознаат сите кој сум јас“,
вели Курт Џонс, пријател од средношколските денови. Сепак, тоа што тоа лето порасна за 10 цантиметри и што помошниот тренер беше задоволен од неговиот напредок, не му беше доволно да заработи поголема минутажа. За такво нешто Вилсон мораше да го импресионира и главниот тренер Роберт Хембрик кој важеше за најдобар средношколски тренер. Хембрик важеше за човек кој се држеше до дисциплината, никогаш не им дозволуваше на играчите да “дивеат“ на паркетите, и не правеше големи ѕвезди.
Токму тој човек на клупата на Семион немаше убаво мислење за Вилсон. Меѓутоа, наговорен од својот помошник на еден тренинг му пријде на Вилсон и му рече да покаже што знае. Бенџи ја зеде топката и го промаши првиот шут. Потоа редеше кошеви од таблата цели 15 минути. Можеше до вечност. И тоа е точката која во кариерата на младиот играч се претвора во вектор. Вектор кои оди кон ѕвездите.
“Доби уште неколку цантиметри, сега беше висок 201. Буквално, од натпревар се гледаше неговиот напредок. Стана лидер на тимот, публиката доаѓаше да го гледа само него. Сите на трибините имаа дресови со бројот 25., бројот кој Бен го носеше на грбот. Практично експлодира, луѓето почнаа да зборуваат за него. Набрзо, приказната ги напушти границите на Чикаго, скоро целата кошаркарска јавност знаеше за тоа момче, скаутите од цел САД доаѓаа да го гледаат чудото од дете“,
вели Амин Мартин, тогашен новинар на Тајмс. И така Бенџи за две години од средно школо доживеа метаморфоза: од играч кој влегува од клупата, стана човек пред кој паѓаат сите противници. Доминантен под обрачите, стручњаците сметаа дека го поседува покретот на Оскар Робертсон.
Дриблингот на расниот плејмејкер никогаш не ги напушти прстите на Вилсон, неговиот смртоносен шут и натаму остана еден од заштитните негови знакови, но со новата висина стигна до облаците, даваше блокади дури и на центрите. Можеше да игра од плеј до крило. Поради својата единствена комбинација од висина и техника го доби надимакот “Меџик Џонсон“. Како што созреваше во кошаркар, така созреваше и на ментално поле:
“На секој чекор сфаќам колку е важно еден човек да стекне едукација. Тоа прво го слушав од родителите, подоцна од наставниците и професорите, а на крајот сите тоа некако сами го сфаќаме“,
своевремено рече Бен. Меѓутоа, како што тој растеше во секоја можна смисла, растеја и неволјите во Чикаго. Градот стана се поопасен, а одредени блокови беа буквално во рацете на криминалците кој без никакви стравови продаваа дрога и оружје. Еден од тие “окупирани“ блокови беше и населбата во јужниот дел од Чикаго, во која живееше Бенџи.
Со сигурност не се знае како, но луѓето тогаш, во почетокот на 80-тите, го опишуваа како најголем талент во САД. Но тоа не беше се. Во круго на своите пријатели, Вилсон беше заштитен, но од луѓето кои не се плашат од ништо е тешко да се скрие и да се бега. Во еден момент, “момците од асфалтот“ ги чекаа кошаркарите на Семион пред школото.
“Кога Бенџи ми рече дека тие ќе дојдат пред школото, ги викнав луѓето кои ми беа блиски. Се собравме и со некои 5-6 автомобили отидовме пред Семион. Кога кошаркарите излегоја, сите се поздравивме со нив. Зедов и пиштол. Времето беше такво, морав да го носам со мене. Тие 80-ти, животот во Чикаго, секој ден ни беше на коцка. Кога криминалците не погледнаа и видоја колку сме и колку сме блиски со Бенџи и тимот, само се собраа, се свртија и заминаа... Веќе не се вратија, колку што знам јас“,
вели Куртиш Глен. Неволјите, барем за момент, повторно заминаа од животот на Бен. Повторно можеше да и се посвети на кошарката и да оди по патот кој му беше суден - да стане кошаркарска ѕвезда. А во тој момент беше, не само во Семион.
Целата кошаркарска Америка добро знаеше кој е Бен Вилсон. Со популарноста доаѓаа и убавите девојки. Се чинеше дека во овој момент ништо не можеше да тргне наопаку за овој младич: беше кошаркарска ѕвезда, беше во врска со најубавата девојка во школото, сите зборуваа со суперлативи за него, а во 1984та година кошаркарската селекција на школата Семион важеше за најголем фаворит во државното натпреварување. Прв пат по основањето.
Вилсон и неговите другари сакаа да ја оправдаат улогата на фаворит. По тој пат и тргнаа. Се најдоја во полуфиналето со тимот од Западна Аурора во која тогаш играше иден пик од првата рунда на НБА драфтот, Кени Бетл.
“Кени Бетл секогаш зборуваше за тоа колку е добар, секогаш се фалеше. А за своите противници зборуваше лоши работи. Нас тоа нималку не ни се свидна. Бенџи полуде. На тренингот пред тој натпревар ни рече: ’Луѓе, овој Кени Бетл жив ќе го изедам, ќе видите.’ Ние знаевме кој може да го уплаши тој Бетл, тоа е Бенџи.“,
вели Ирвин Смол, тогашниот соиграч на Бенџи. Бенџи го однесе својот тим во финалето. Даде 21 поен, го стави Бетл в џеп дозволувајќи му само 17 поени. Меѓутоа, тоа беше само првиот чекор. Целта беше титула. Противникот беше Евестон - единствениот непоразен тим. Драматичната завршница донесе голема борба до последниот атом сила. Бенџи влезе во проблем со фаулите, но сепак беше најдобар. По голема драма, Семион прв пат се качи на тронот на државата. Вилсон стана херој на Чикаго, неговиот тим славеше со 53-47.
Во враќањето во Чикаго сите го славеја Семион. Кошаркарите станаа ѕвезди, каде и да се појавеа сите одеја и трчаа по нив. Се им беше бесплатно од колаџ до пица во кафичите, сите ги запираа на улица, бараа афтограми, сите беа во центарот на вниманието. За Вилсон, државниот медал не значеше ништо. Својот медал му го подари на постартиот брат Куртиш Глен кој не му одолеа на лажното парче среќа.
“Времето беше лошо. Се навлеков на дрога. Скоро целата сезона не ја следев. Секако, финалето го гледав. После натпреварот ја зеде медалјата и ја стави околу мојот врат. Не им ја даде на нашите родители. Се сеќавам дека ми рече: “Те молам, избегај од дрогата“,
вели Глен. Сепак Бенџи, не беше заинтересиран за забавите и излегувањето. Се што сакаше е да вежба и да се усовршува. Како што во тоа време се појави неговото име во кошаркарската мапа, така и во другите делови на континентот, некоја година порано, се појави името Мајкл Џордан. И токму “Летечкиот Мајкл“ за Вилсон важеше за најдобар млад играч во цел САД. Бенџи знаеше дека постои само еден најдобар. И сакаше да биде тој. Во тоа време Џордан веќе беше докажан кошаркар, ѕвезда која на драфтот ја одбраа Булси. Вилсон и натаму е средношколец.
Во текот на летото во 1984та година во парковите на Чикаго сите се спремаа за нови достигнувања. 100 луѓе имаа прилика да ги видат на едно место, Мајкл Џордан, Тим Хардавеј и меѓу нив и момчето Бенџи Вилсон како сјаје. Џордан го викна Бенџи да учествува во кампот за најталентираните играчи во САД. Кампот беше организиран од скаутот за млади таленти Сани Векаро, човекот кој го отрки Мајкл. Џордан сакаше да му се оддолжи на овој човек по потпишувањето на својот прв официјален професионален договор.
“Ги доведе најдобрите млади играчи од цел САД. Тоа беше меч во кој сите имаа шанса да видат кој е најдобар. Бенџи беше мојот Кевин Гарнет, мојот Трејси МекГрејди, мојот ЛеБрон Џејмс, мојот Коби Брајант. Не доаѓаше со најголема репутација како сите останати, но беше најдобар. Тој ги направи моите очи во кошаркарска смисла. Го викнав новинарот Амин Мартин и му реков: ’Еј, ова момче е далеку најдобро во целата земја“,
вели Векаро. И кога го напушти кампот, Бенџи повторни ги држеше весниците во рацете. Овој пат Тајмс напиша: “Бен Вилсон е најголем талент во САД.“ Баш како што си вети пред многу години стискајки ја страницата во која не беше напишан. Бен конечно тоа го направи. За него навистина се пишуваше и зборуваше како за број еден. Очите му сјаеја од среќа, а цел свет беше под неговите нозе. И тоа не беше ништо - бидејќи најдоброто требаше да дојде.
“Напорно тренирав, драго ми е што стигнав овде. Им се заблагодарувам на тренерите кои веруваа во мене. Не чувстувам притисок бидејќи веруваат во мене. Тоа што се зборува може само да ми годи.“,
вели Вилсон. На сите им е добро познато дека семејните односо можат да влијаат во однесувањето на човекот. Бенџи и неговата девојка добија син, а потоа се најдоја во криза. Тоа беше млад пар, и тој и таа имаа по 17 години. Како кулминација на се, после караницата со девојката во школскиот ходник, еден од професорите проба да го смири. Изнервираниот Бенџи направи глупост, го удри професорот, иако се извинуваше беше казнет. Во тимот можеше да се врати дури на 21ви ноември. Во меѓувреме ситуацијата со девојката се смири и во ноември 1984та година Бен беше спремен да ја одбрани титулата.
“Сите требавме да одиме на ручек. Меѓутоа, Бенџи замина негаде. Го прашав каде, рече: ’Одам да ја испратам девојката на автобуска станица“,
вели Дејвид Најт, еден од неговите соиграчи. Меѓутоа, на патот кон автобуската станица се слушнаа истрели од пиштол, По пукањето, на асфалтот лежеше телот со голема дупка на грбот. Тоа беше телото на Бенџи Вилсон. Локалните наркомани пробаа да го ограбат кошаркарот, но добија тупаници. За возврат Бен доби куршум... Набрзо на местото стигна брзата помош која тогаш како што беше праксата го однесе Бенџи во најблиската болница. За несреќа оваа болница не вршеше трансплантанција на крв.
“Гледав како стапалата ја менуваат бојата, стануваше се поблед и поблед. Му викав да издржи и дека крвта ќе стигне набрзо“,
вели Куртиш Глен. Меѓутоа, дури по два и пол саати стигна крва и операцијата почна. Лекарите по процедура, на фамилијата и пријателите им рекоја: “Не грижете се, се ќе биде во ред со него, стабилен е“. Меѓутоа Куртиш Глен го виде својот брат без свест, докторите го преместуваа туркајќи го со голичка. Го фати за ногата и осети едно нешто - ладно. Знаеше што значи тоа. Знаеше дека зборовите на докторите не важат и дека тоа се приказни за мали деца...
И така, на 21ви ноември изгасна животот на овој 17 - годишник. Млада ѕвезда. Човекот кој беше најдобар на турнирот на најдобрите млади играчи, човекот кој ја однесе школата на Чикаго прв пат до тронот... Нема да речеме дека Бен е сите поголем од овите играчи, нема да тврдиме дека Џордан не би станал крал на кошарката, ниту дека рекордот на Џабар од 38 илјади и кусур поени би бил загрозен. Постојат многу луѓе кои го сметаат токму ова. Но, ќе речеме дека станува збор за голема ѕвезда. Ѕвезда која никогаш не успеа да засјае.
0 comments:
Post a Comment