Брендон Џенингс од Милвоки Бакс и Кевин Дурент од Оклахома Сити Тандер беа именувани за играчи на неделата во источната, односно западната конференција, за натпреварите одиграни од 7ми - 13ти Јануари.
Кевин Дурент им помогна на своите соиграчи од Оклахома да се изборат за 3 победи и 1 пораз минатата недела, додека постигнуваше барем 25 поени во сите четири напревари, вклучувајќи и најмногу во сезоната - 42 поени во победата против ЛА Лејкерс во Стејплс. Феноменалниот Дурент имаше просек од 32.5 поени, 6.8 скока и 5.5 асистенции во четирите натпревари низ минатата недела.
Брендон Џенингс ги одвдеде своите Милвоки Бакс исто така до рекорд од 3-1, вклучувајќи кам-бек победи над Чикаго Булс и Торонто Репторс. Џенингс најмногу сјаеше во дуелот против Чикаго, кога само во 3/4 постигна 20 поени, а на крајот од тој дуел заврши со 35 поени, 6 скока и 6 асистенции. Брендон Џенингс имаше втор најдобар просек во поени изминатава недела во истокот со 24.5, додека реализираше 48% од своите шутеви од поле и имаше дополнителни 6.5 асистенции и 4.0 скока по натпревар.
0 comments:
Post a Comment