Ману Џинобили ќе пропушти од 10-14 дена поради повреда на задниот мускул на левата нога, повреда која ја заработи на натпреварот против Минесота Тимберволвс во ноќта помеѓу недела и понеделник.
Откако постигна 12 поени и 5 асистенции за само 12 минути во игра, Џинобили се повреди кон крајот на втората четвртина и не заигра повеќе во второто полувреме. Сан Антонио сепак славеше со 106-88 и без Ману на теренот, што значеше 12-та последователна победа на Спарси на домашен терен.
Џинобили има значителни проблеми со повредите оваа сезона, паузирајќи претходно поради проблеми со 'рбетот и ножните мускули.
Таман кога Џинобили фати ритам, тој повторно ќе мора да ги гледа натпреварите во наредните 2 недели од трибините. Во последните 3 натпревари, Ману покажа редовност во својата игра, откако постгинуваше по 17.5 поени и реализираше скоро 51% од поле.
0 comments:
Post a Comment