Home » , » Васкез и Елис именувани за играчи на неделата (24.-30.12.2012)

Васкез и Елис именувани за играчи на неделата (24.-30.12.2012)

Written By Unknown on 1.1.13 | 15:00

Монта Елис од Милвоки Бакс и Греивз Васкез од Њу Орлеанс Хорнетс беа именувани за играчи на неделата за источната, односно западната конференција, за натпреварите одиграни од 24ти до 30ти Декември 2012 година.

Елис со своите Бакси одигра недела со 3 натпревари и ја завршија седмицата со 2 победи и 1 пораз. Монта во трите натпревари бележеше по 21.3 поени, 8.3 асистенции и 4.0 украдени топки по натпревар. Во единствениот пораз на Милвоки од Детроит Пистонс, Елис постигна 30 поени, а украде 5 или повеќе топки до двете победи против Бруклин и Мајами.

Васкез, кој во изминатата седмица има просек од дабл-дабл со 21.0 поен и најмногу во лигата 10.0 асистенции по натпревар, ги предводеше своите Хорнетси до недела од исто така 2 победи и 1 пораз, во 3 одиграни натпревари. Васкез во изминатата седмица ја предводеше лигата и во минути одиграни, со просек од 41.7 минути во трите одирани натпревари за Њу Орлеанс. Во поразот против Торонто Рапторс на 28. Декември, на Васкез му недостасуваше само еден скок за да оствари трипл-дабл учинок, завршувајќи со 20 поени, 14 асистенции и 9 скокови. 

0 comments:

Post a Comment