Home » , » Амаре Стадемаер ќе го одигра сезонското деби вечерва против Блејзерс

Амаре Стадемаер ќе го одигра сезонското деби вечерва против Блејзерс

Written By Unknown on 1.1.13 | 18:35

Откако ја пропушти првата четвртина од новата сезона поради операцијата на коленото, Амаре Стадемаер вечерва во дуелот на Никс против Блејзерс на домашен терен ќе го направи своето сезонско деби, односно ќе заигра за прв пат оваа сезона.

Дали Кармело Ентони ќе се врати или не од повредата на коленото, планот е да Стадемаер одигра лимитирани минути и во игра да влезе од клупата, со вториот состав на Никс. Што се однесува со повредата на Ентони, тој им известил на новинарите дека ќе се консултира со стручните лица и неговиот настап ќе биде под знак прашалник се до почетокот на натпреварот. 

“Стадемаер ни е потребен очајно. Знам дека играме добро и без него, но секако дека повеќе талент на теренот ќе ни ја направи работата полесна, особено сега кога имаме многу повредени играчи.“ - изјави Ентони за „Yahoo Sports“.

Њу Јорк Никс имаат рекорд од 21-9 и се лидери во Атлантик дивизијата, додека се само половина натпревар позади Мајами Хит, на врвот од источната конференција. 

0 comments:

Post a Comment