Home » , » Лејкерси повторно поразени, Бостон предводен од Салинџер и Грин стигна до 4тата последователна победа!

Лејкерси повторно поразени, Бостон предводен од Салинџер и Грин стигна до 4тата последователна победа!

Written By Anonymous on 10.1.13 | 12:25


Интересна НБА ноќ беше пред нас, а се изиграа неколку навистина интересни натпревари...

Лејкерси и натаму не можат да излезат од црната серија која ги има зафатено, по поразот завчера од Рокетси, денес беа поразени од Спарси со резултат од 108-105. Најзаслужни за победата на Спарси беа Паркер со 24 поени и Џинобили со 19 поени. Кај Лејкерси најефикасен беше Коби Брајант со 27 поени.

Бостон стигна до 4тата победа по ред, по победата над Санси на домашен паркет, во ТД Гарденот. Најзаслужни за победата беа рукито Џеред Салинџер со 12 поени и 16 скока и Џеф Грин кој придодаде 14 поени. Главната ѕвезда во тимот, Ражон Рондо остана на само 8 поени и исто толку асистенции.

Оклахома Сити Тандер славеше дома против ослабените “Волци“ со резултат од 106-84. Најдобар во редовите за домашниот тим беше Кевин Дурант со 26 поени, го следеја Расел Ветбрук со 23 поени, 7 асистенции и 8 скока и Кевин Мартин со 19 поени. Кај гостите рукито Алексеј Швед имаше 18 поени.

Клиперси славеја во Л.А над Далас Маверикс, кој и натаму се мачат во последните неколку натпревари со резултат од 99-93. Најдобар за Клиперси беше Крис Пол кој имаше 19 поени и 16 асистенции, а го следеше Мет Барнс од клупата со 19 поени. Блејк Грифин додаде 15 поени и 13 скока. Кај Далас се истакнаа Дарен Колисон со 22 поени, О.Џ Мејо со 17 и Дирк Новицки со 15 поени.

Интересно беше во Колорадо каде Нагетси славеја над Орландо со резултат од 108-105. Најдобар кај Денвер беше Кенет Фарид со 19 поени и 19 скока, а го следеја Андре Игуадала со 11, Данило Галинари со 15, Андре Милер со 18 и Кори Бруер со 16 поени. Кај Орландо дури 6 играчи имаа +10 поени, а најдобар беше Џамер Нелсон со 20 поени.


На останатите натпревари:

Торонто 90-72 Филаделфија
Шарлот 102-112 Јута
Кливленд 99-83 Атланта
Њу Орлеанс 88-79 Хјустон
Голден Стејт 87-94 Мемфис

0 comments:

Post a Comment