Home » , » Џон Вол најверојатно ќе заигра за прв пат во сабота

Џон Вол најверојатно ќе заигра за прв пат во сабота

Written By Unknown on 10.1.13 | 16:32

По неколку месеци од гледање на лошите натпревари на своите соиграчи од клупата, Џон Вол конечно ќе може да се врати на теренот и да го одигра својот прв натпревар оваа сезона за Вашингтон Визардс, а првиот мирис на здравиот тим на Вашингтон ќе може да го почувствуваат Атланта Хокс.

Џон Вол оваа сезона не одигра ниту еден натпревар оваа сезона за Вашингтон поради повреда на своето колено, за која повреда сепак не беше потребна операција. Според првите поставки, неговиот кам-бек требаше да се случи многу порано, уште кон крајот на Ноември, но докторите и Вол не сакаа да ризикуваат и констатираа дека во тоа време коленото сеуште не е заздравено и дека Џон Вол неможе да игра.

Вол го одработи првиот 5-на-5 тренинг со својот тим и изјави дека се чувствува 100% здрав за да може да се врати на терените. 

“Мило ми е што повторно ќе можам да заиграм кошарка.“ - изјави Џон Вол, задоволен од тоа како се одвивал процесот на рехибитација и заздравување.

0 comments:

Post a Comment