Home » , » ГМ на Кингс вели дека ДеМаркуз Казнс нема да биде трејдуван

ГМ на Кингс вели дека ДеМаркуз Казнс нема да биде трејдуван

Written By Unknown on 1.1.13 | 18:55

И додека се шират многу шпекулации за тоа дека центарот на Кингс ДеМаркус Казнс ќе биде трејдуван, такво нешто одби генералниот менаџер на Сакраменто, Џеф Петри.

“Казнс не оди никаде. Се што излегува во јавноста околу неговото заминување од Сакраменто е лага.“ - изјави Џеф Петри во разговор со Дејвид Олдриџ од „NBA.com“.

Ова негација на Петри можеби е голема вистина, но сепак немора да значи е и за верување. Откако Казнс беше суспендиран, секој ден излегуваат нови шпекулации околу неговата иднина во Сакраменто.

Но една од причините за верување во овој говор на Петри се сопствениците на Сакраменто Кингс, браќата Џо и Гејвин Малуф. Тие се најголемите поддржувачи на Казнс уште од неговиот почеток во Сакраменто, па и тие не би сакале така лесно да се разделат со играчот кој што може да стане столб на тимот во наредните неколку години. Всушност, еден од сопствениците ја поништу суспензијата на Казнс, откако тренерот Кит Смарт го суспендираше овој играч. 

Единствен начин да се трејдува Казнс е кога за него ќе стигне понуда што е поредобра за да се одбие. Но, тогаш треба да се официјализира фактот дека ДеМаркус Казнс е во маркетот, така што другите заинтересирани тимови би правеле трејд - комбинации за да го доведат во своите редови.

Исто така, треба да се напомене дека нов агент на Казнс е Ден Феган, човек кој често ги вадеше своите клиенти од ситуации во кои тие лично не сакаат да бидат (за пример може да се земе ситуацијата со Двајт Хауард минатата сезона во Орландо). 

0 comments:

Post a Comment