Home » , » Бостон го очекува "спасителот" Ејвери Бредли назад во тимот

Бостон го очекува "спасителот" Ејвери Бредли назад во тимот

Written By Unknown on 1.1.13 | 19:34

Ејвери Бредли сеуште не одиграл ниту 100 натпревари во својата 3-годишна кариера. Беше потценуван како руки и тешко влегуваше во ротацијата на Док Риверс, се до Март минатата година, кога работите се сменија.

Без Реј Ален во составот поради повреда на глуждот, Док Риверс сврте на Мајкл Пиетрус. Пиетрус стартуваше во натпревар против Филаделфија, но никогаш не го заврши натпреварот. Удре силно со главата во паркетот, па веднаш беше пренесен во болница, каде што му беше утврден потрес на мозокот. Принуден поради повредите, Док Риверс немаше каде освен да сврти на младиот Ејвери Бредли. Бредли го покажа својот талент, па оттогаш до крајот на сезоната Селтикси победија на 14 од последните 19 натпревари, со Ејвери Бредли како нивниот стартер на бековската позиција. 

Бредли постигнуваше по 15 поени во просек, играјќи супериорна одбрана. Тимот на Бостон беше незапирлив при крајот на сезоната, надигрувајќи ги своите противници со по 20 поени на 100 позиции. Потоа, Бредли се повреди во текот на плејофот и оттогаш нема заиграно на ниту еден натпревар за Селтикс. Сега, кога Бредли треба да се врати во ротацијата на Риверс и да го одигра своето сезонско деби, Бредли е очекуван како суперхерој и повторно како спасувач на неговите Бостон Селтикс. 

Во меѓувреме, Селтикси се мачат. Ги имаат изгубено сите 3 натпревари во серијата од 3 гостувања со тимовите од западната конферецнија со вклупна разлика од 69 поени. Нивната одбрана е очајна, додека нападот е катастрофален. Уште еднаш премногу зависат од Кевин Гарнет.

Не беше замислено да биде вака за Селтикс. Веднаш штом Реј Ален потпиша со Мајами Хит, Дени Ејнџ потегна потези и ги донесе Џејсон Тери и Кортни Ли, кои што требаа да бидат замена за Реј Ален и тогаш повредениот Ејвери Бредли. Ли требаше да служи како де-факто стартер, додека Тери требаше да биде инстант напад од клупата. Но сето тоа падна во вода.

Па, тука доаѓа Ејвери Бредли. Тој нема сам да го поправи најголемиот проблем на Селтикс--што е длабочината во одбраната позади Кевин Гарнет, но ќе додаде добра одбрана околу периметарот и ќе му дозволи на Рондо да игра повеќе без топката во нападот. 

Но ова е тотално неферско однесување кон Ејвери Бредли. Медиумите во Бостон го промовираат неговиот кам-бек како во игра да се враќа Мајкл Џордан. Тоа е премногу за еден млад и неискусен играч како Бредли.

Кога ќе се врати Бредли, Ејнџ ќе го има во главно својот комплетен ростер пред себе и ќе ги разгледа работите, пред да потегне потези за уште еден трејд во Февруари. Бредли е најдобриот трејд - ас на Дени Ејнџ, но во некој случај тој е презначаен за Селтикс за да биде трејдуван. 

Кам-бекот на Ејвери Бредли се очекува да биде во среда, кога што Селтикси ги пречекуваат Мемфис Гризлис на домашен терен.

0 comments:

Post a Comment