Home » , » Џереми Лин: “Не заслужив да бидам Ол-Стар“

Џереми Лин: “Не заслужив да бидам Ол-Стар“

Written By Unknown on 18.1.13 | 00:36

Иако имаше катастрофален старт на новата сезона, со оглед на големите очекувања и големиот договор, Џереми Лин почна да игра малку подобра кошарка во последно време и може да се каже дека со Џејмс Харден комплетираат солидно бековско дуо. 

Но покрај се', Џереми Лин не заслужи да биде дел од Ол-Стар натпреварот, кој всушност ќе се одигра во неговиот град Хјустон. 

Кога стартерите за Ол-Стар натпреварот ќе бидат прогласени подоцна ноќва, најверојатно Коби Брајант и Крис Пол ќе имаат највеќе гласови кај бековите и ќе бидат првите два стартера. Но, доколку има некое изненадување и тоа не се случи, ќе биде тоа поради гласовите што Џереми Лин ќе ги добие од фановите, со што може да го помине Крис Пол во гласовната разлика и да настапи на својот прв Ол-Стар натпревар како стартер. Крис Пол имаше 45.000 гласови пред една недела, па тешко да се случила некое чудо и Лин да излегол пред Пол. Сепак Џереми Лин имаше повеќе гласови од играчите како Расел Вестбрук, Тони Паркер и Џејмс Харден, па тоа кажува многу. Но Џереми Лин нема да биде повикан на Ол-Стар натпреварот, освен ако не заврши како плејмејкер со најмногу гласови.

Дури и самиот Џереми Лин рече дека не заслужува да биде дел од Ол-Стар натпреварот: 

“Ах, не. Тоа е последната мисла во мојата глава моментално. Се грижам за серијата од 5 порази со Рокетс. Тоа воопшто не ми е грижа, јас пробувам да победам со Хјустон.“

Знаејќи ја лигата и нејзиниот маркетинг, тие сигурно ќе го искростат Џереми Лин за време на Ол-Стар викендот. Прво, хепенингот ќе се одржува во неговиот град Хјустон, а второ знаеме колкава реклама е Џереми Ли... Линсенити, пред се. 

Но да биде стартер во ваков тип на натпревар? Тоа е премногу. И самиот Лин го сваќа тоа, но некои фанови не го сваќаат.

0 comments:

Post a Comment