Home » , » Кевин Дурент сакал да игра за Репторс како дете

Кевин Дурент сакал да игра за Репторс како дете

Written By Unknown on 18.1.13 | 17:35

Секој тим моментално би посакал во својот ростер да го има Кевин Дурент. Но како млад фан кој пораснал со НБА кошарката, во кој тим посакувал да игра Кевин Дурент?

Малку изненадливо, но Кевин Дурент како дете не навивал за неговиот домашен тим Вашингтон Булетс/Визардс, 24-годишниот Дурент во тоа време посакувал да игра за тим надвор од САД, а сепак тим во НБА. 

“Верувале или не, како мал фан сакав да игра за Торонто Репторс, тоа беше мојот омилен тим. Кога јас бев помал, тоа беше тим кој што само се формира и едноставно сакав да бидам дел од тој тим.“ - изјави Кевин Дурент.

Уште една причина зошто КД навивал за Репторс е Винс Картер, кој ги кршеше обрачите во Канада додека Дурент гледал и се радувал на тоа пред телевизорот. 

“Интизујазмот кој што го покажуваше, неговата атлетичност и "летачка" способност и секако, претоварањето на Торонто од еден од најслабите тимови скоро до шампионската титула многу ми се допаѓаше. Тој ја смени културата во Торонто.“ - додаде Дурент.

0 comments:

Post a Comment