Home » , » Феникс Санс го отпуштија Алвин Џентри

Феникс Санс го отпуштија Алвин Џентри

Written By Unknown on 19.1.13 | 12:24

Феникс Санс штотуку постанаа четвртиот тим кој сменил тренер оваа сезона, откако синоќа ги одделија патиштата со главниот тренер Алвин Џентри.

Џентри ја превзеде позицијата на тренер во Феникс во средината сезоната 2008/09 и оттогаш до сега со Санси тој има позитивен рекорд од 158-144. Тимот од Аризона го одведе во Финалињата на западната конференција во 2010 година, но по одвојувањето на Стив Неш тој не успеа да се снајде со новиот ростер кој што се оформи минатото лето. По последниот пораз на Феникс од Милвоки, тие имаат порази на 13 од последните 15 натпревари и рекордот од 13-28 моментално им го носи последното место во западната конференција. Овој рекорд моментално е најлошиот по една полусезона во последните 25 години во Феникс. 

И покрај офанзивниот талент кој што Санси го поседуваат, тие се ранкирани на 23. позиција во лигата во офанзивна ефикасност и ја имаат четвртата најлоша одбрана во лигата моментално. 

Моментално не се знае кој ќе ја превземе неговата позиција како привремен тренер, но најверојатно главниот асистент на Џентри, Елстон Тарнер ќе ја превземе неговата позиција.

0 comments:

Post a Comment