Home » , » Кевин Гарнет: “Ентони Дејвис е чудо на природата“

Кевин Гарнет: “Ентони Дејвис е чудо на природата“

Written By Anonymous on 20.1.13 | 18:12


Пред неколку дена кошаркарите на Њу Орлеанс Хорнетс ги совладаа Селтикси со резултат од 90-78, а легендата на Селтикси Кевин Гарнет подели неколку пофалби на сметка на првиот пик на драфтот од 2012та година, Ентони Дејвис.

Во тој натпревар, Дејвис имаше дабл-дабл учинок од 10 поени и 10 скока, а Кевин Гарнет имаше 15 поени, но само 4 скока. Една од причините за слабите скокачки претстави на Гарнет секако е Дејвис, од кој се очекува да направи голема кариера. Тоа го потврдува и самиот Кеј Џи.

“Тој дечко е навистина поинаков. Мислам дека покрај него изгледам како џуџе. Тој е чудо на природата. Сигурен сум дека ќе се развие во еден сјајен играч“,

вели Гарнет.

Гарнет не дели пофалби така лесно, а ова покажува навистина дека има “нешто“ во Дејвис. Во својата руки сезона бележи 12.3 поени, 7.8 скока и 1.8 блокади.

0 comments:

Post a Comment