Вилијамс на натпреварот против Нетси, на средината на втората четвртина ги истегна лигаментите на десното колено, па поради тоа мора да оди на операција поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната, а се очекува да паузира некој натпревар и од следната. За сериозноста на повредата зборува и самиот податок дека Лу натпреварот односно паркетот го напушти со количка.
Вилијамс оваа сезона од клупата дава 14.5 поени и 3.7 асистенции. Атланта сигурно ќе биде хендикипирана без Вилијамс, првенствено поради својот шут и напаѓачката игра, а тоа е нешто што на Хокси им е навистина потребно.
0 comments:
Post a Comment